Published: Monday, November 21, 2016 09:16
Најмалку 133 луѓе загинаа, а над 200 се повредени во железничката несреќа што вчера наутро се случи на северот на Индија.
Спасувачките екипи се уште се обидуваат да извлечат луѓе заглавени во остатовите од возот кој излета од шините, соопшти полицијата.
Несреќата се случи во близина на селото Парва, кај индустрискиот град Канпура, во време кога поголем број од патниците спиеле.
Притоа 14 вагони излетале од шините. Локалните медиуми јавуваат дека возот биле пренатрупан со патници, бидејќи голем број биле на свадби и се враќале дома.
Железничката мрежа во Индија е една до најстарите во светот и натаму е главно превозно средство на поголеми далечини, но слабо се одржува и често се случуваат тешки несреќи со голем број жртви.




