Published: Tuesday, February 9, 2016 09:06
Најмалку осуммина загинати и над 150 повредени во директен судар на два патнички воза во германската покраина Баварија.
Несреќата се случила во близина на градот Бад Аиблинг. По сударот возовите излетале од шините.
Портпаролот на локалната полиција потврди дека има жртви, но нивниот точен број засега не е познат. Не е позната ниту причината за сударот.




