Првата дама на Азербејџан, Мехрибан Алиева е именувана за прв потпретседател на земјата, а указот е потпишан денеска од шефот на државата Илхам Алиев.
Функциите прв потпретседател и дополнителни двајца потпретседатели се предвидени со уставните измени, кои се изгласани во Азербејџан со референдумот одржан на 26 септември минатата година. Во измените се наведува дека при неможност претседателот да ги извршува своите обврски, тогаш неговите овластувања ги презема првиот потпретседател.
Илхам Алиев денеска ја назначи неговата сопруга како свој прв потпретседател на седница на Советот за безбедност на Азербејџан.
Мехрибан Алиева е родена на 26 август 1964 година. Семејството Алиеви се обвинувани за висока корупција и диктатура во Азербејџан и со децении го оневозможуваат демократскиот развој на државата.




