Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жените од Шуто Оризари добија матичен гинеколог

0
By Нова ТВ on September 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жените во Шуто Оризари добија гинеколог. Од денеска во амбулантата која се наоѓа во Поликлиниката ќе прегледува Вјолце Нбиара, која работела во американската болница во Албанија. Нбиара денеска ги прими првите пациентки, кои по 10 години ќе добијат матичен гинеколог. Таа обајсни дека го учи македонскиот јазик, дека разбира, но за почеток комуникацијата со пациентите  ќе се одвива со помош на медицинската сестра.

Министерството за здравство во заминување, Арбен Травари рече  дека вработувањето на докторката Мбиара ќе биде трајно решение и со тоа ќе се реши долгогодишниот проблем со недостатокот од матичен гинеколог во Шуто Оризари.

Жените во Шуто оризари цела деценија немаа матичен гинеколог, не можеа да се лекуваат, немаше кој да им издава упати и рецепти. Амбулантата стоеше празна откако единствениот гинеколог си замина, а посетите два пати неделно од гинеколози во болницата во Чаир не го решија проблемот. Поради сиромаштија најголем процент од жените не беа во можност да одат на матичен гинеколог во другите населби.

Сето тоа влијаеше на зголемување на смртноста на доенчиња која кај  ромската популација е најголема.

Анализите на Заводот за заштита на мајки и деца покажаа дека смртноста кај доенчињата кај ромската популација е највисока во однос на останатите во сите периоди почнувајќи од раѓање па се до 11 месец од животот.

Како причини стручњаците ги наведуваат социјалниот статус, необразованоста, тинејџерската бременост, неинформираноста, но една од главните причини е и недостапноста до матичен гинеколог.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.