Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жените во сликарството на Лазар Личеноски: Виртуелна изложба на Националната галерија

0
By Нова ТВ on March 17, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 17, 2021 09:35

Националната галерија веќе четврта година организира изложба, која носи свој препознатлив белег, посветен на Денот на жената – Осми март. Во претходните години имавме можност да видиме повеќе различни концепти на изложби по овој повод, кои во суштина имаа еден заеднички именител – жената како мотив, независно дали е автор или непосредна инспирација на уметничкото дело, портрет или, можеби, акт. Притоа, единствениот извор од каде што доаѓаше инспирацијата и која претставуваше темел врз кој е изградена оваа традиција е неисцрпно богатата колекција на Националната галерија, која претставува исклучителна ризница на вредни уметнички дела.

Лазар Личеноски, Акт, 1928

Оваа календарска година темата остана иста – жената, но овој пат беше реализирана со творештвото на Лазар Личеноски. На тој начин Националната галерија одбележува уште еден значаен јубилеј – 120 години од раѓањето на Лазар Личеноски (26.3.1901 – 10.4.1964). Виртуелната изложба претставува единствена можност публиката да види некои од уметничките дела на Лазар Личеноски кои се ретко прикажувани, некои од нив и за прв пат во оваа пригода, кои одамна не биле присутни ниту публикувани во нашата јавност.

Лазар Личеноски е основоположник на современата македонска ликовна уметност. Бил професор во Уметничкото училиште во Скопје, кое денес го носи неговото име. Неговото сликарство го одразува нашето поднебје, преку колоритот и најпознатите негови пејзажи на афиони, галички бачила, Охрид и многу други. Изложбата опфаќа избор од дела, портрети и актови, вклучувајќи студии работени во јаглен, цртежи уште од студентските денови, масла на платна, масла на лесонит, шпер, картон.

Лазар Личеноски, Портрет на Роберта Бирбриџ-Бел, 1928

Делата се со различни димензии, а јавноста може да ги види низ виртуелна изложба поставена во Даут-пашиниот амам, но достапна единствено електронски преку социјалните медиуми, односно на профилите на Националната галерија. Делата вклучени во изложбата се сопственост на Националната галерија. Дел од нив се од оставината на легатот на Лазар Личеноски, а дел од постојната колекција. „Сметаме дека е од особена важност да напоменеме дека на оваа изложба се вклучени токму дела кои, потекнувајќи од легатот на Личеноски, во иднина ќе бидат дел од поставката на Спомен-куќата на Лазар Личеноски“, потенцираат за „Слободен печат“ од Националната галерија.

Спомен-куќата на Лазар Личеноски е уште еден значаен сегмент, кој ја прави Националната галерија институција со голема одговорност и посебно значење за зачувување и афирмација на нашата историја, култура и уметност. Националната галерија е од самиот почеток вклучена во процесите за валоризација на куќата на Личеноски, со цел таа да биде издигната на соодветното ниво како културно добро од посебно значење за афирмација на нашата уметничка и културна сцена. Имено, во 2010 година тим од стручни лица на Националната галерија, и тимови и стручни лица од други области, го евидентираа културното добро, сликите, мозаиците, етнолошкиот материјал, документацијата и сл.

Целокупниот движен културен материјал, како сликарскиот така и етнолошкиот, библиотечниот и архивскиот, денес се згрижени во депоата на Националната галерија. Националниот конзерваторски центар – Скопје веќе интензивно работи на реализација на Основниот проект за конзервација, реставрација и санација на објектот, како и на неговото партерно уредување, во текот на 2020 и во тековната 2021 година. Со желба Спомен-куќата на Личеноски да ѝ биде прикажана на јавноста во најубава светлина, се вложуваат максимални напори наскоро да биде завршен проект со остварена намена. Замислата е во 2021 година Спомен-куќата да ги отвори вратите за посетителите, соопштија од Националната галерија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.