Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Јасно рековме дека ќе се бориме против спин стратегијата на оваа влада

0
By Zoran Ivanov on May 27, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 27, 2026 20:19

Андреј Жерновски: Да започнеме со оној главниот:

“Македонија доби пари = Владата е успешна”.

Во сите изјави на владините фунционери, како и во наменските текстови објавени во медиумите под нивна контрола, внимателно се избегнуваат следниве прашања:

– колку пари биле потенцијално достапни;

⁃ колку обврски не се исполнети,

⁃ колку реформи доцнат,

⁃ дали Македонија добила целосна или само делумна исплата.

Читам, Муцунски зборува за “потврда за посветеноста на Владата“, иако (би сакал да верувам) знае дека ЕК не оценува „посветеност“, туку реализирани мерки, исполнети рокови и конкретни резултати.

Владата се пофали со 65,7 милиони евра од Европската Унија во рамките на Планот за раст за Западен Балкан. Но ако внимателно се прочитаат официјалните документи на Европската комисија, станува јасно дека Брисел испраќа многу поинаква порака: парите не се исплаќаат за политички ПР, туку само за исполнети реформи.

Фактите се прецизни и проверливи.

Македонија треба да добие вкупно 750,4 милиони евра за периодот 2024–2027, но тие средства се исплаќаат постепено и строго условено со реализација на конкретни реформски обврски.

Во првиот циклус на оценување, Европската комисија констатирала дека Македонија целосно реализирала само 2 од 5 реформски чекори. Тоа е реализација од само 40%.

Поради тоа, од предвидените околу 17,1 милиони евра за таа фаза, веднаш биле ослободени само околу 8 милиони евра- односно приближно половина од средствата. За останатите обврски, Европската комисија дала дополнителен рок до декември 2026 година.

Ова е суштината што Владата ја премолчува.

Македонија не успева да ги повлече сите расположливи средства поради бавна и нецелосна реализација на реформите.

И самата Европска комисија јасно наведува дека исплатите се вршат исклучиво „во однос на исполнети платежни услови“ и врз основа на конкретни резултати од Реформската агенда.

Па така, во вкупен износ, над 200 милиони евра од ЕУ остануваат неповлечени, со што главното прашање денес не е колку пари пристигнале.

Главното прашање е:

Колку средства Македонија НЕ успева да ги добие поради слабата реализација на реформите?

Брисел веќе испрати јасна порака:

без резултати- нема целосна исплата.

Извор: Фејсбук

Андреј Жерновски став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.