Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски објавува почеток на ревизијата на “Скопје 2014”

0
By Нова ТВ on May 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, денеска напладне ќе го објави почетокот на ревизијата на проектот „Скопје 2014“, соопшти неговиот кабинет.

Жерновски и за време на кампањата и веднаш откако започна со градоначалничката функција, најави ревизија на милионските суми за целиот проект Скопје 2014, склучени за време на владеењето на неговиот претходник, Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Новото раководство на општина Центар, уште еднаш ја најави ревизијата и во врска со спорните локации спроти хотел „Бристол“ со дециден став- “Револтот на граѓаните е сосема оправдан. Ревизијата на Скопје 2014 ќе биде достапна до граѓаните!”

На првиот ден од мандатот, Жерновски најави стопирање на сите активности поврзани со проектот Скопје 2014, се додека не се констатира фактичката состојба. Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски донесе одлука за мораториум за градбите и фирмите поврзани со овој мега проект.

“Денеска е издаден и налог до инспекциските служби да излезат на терен и да ги констатираат сите градежни активности што во моментов се спроведуваат, како и изградбата на новото седиште на ВМРО-ДППМНЕ, фасадата на зградата на Владата. Сето ова со цел да се утврди евентуална инволвираност на поранешното раководство на општина Центар во издавањето на градежните дозволи.

Се што се прави последните денови ме потсетува на времето на кога ЈНА изнесуваше се што можеше од државата. Јас дадов налог да се посетат сите места каде што се изведуваат работите и за се ќе биде информирана јавноста” изјави Жерновски на крајот на април, на првиот ден од мандатот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.