Published: Saturday, May 19, 2018 17:08
Жешката лава од вулканот Килауеа на Хаваите тече низ улиците на островот и наближува до станбените објекти. Изутрината локалните власти алармирале дека лавата од вулканот голта се пред себе.
Хавајската служба за цивилна заштита соопшти дека полицијата, пожарникарите и Националната гарда ја обезбедуваат зоната на Големиот остров и недозволуваат влез на жителите, пренесува АП.
Се уште не е познато кога ќе се смири вулканот што еруптираше во четвртокот.





