Жител на гевгелиското село Јосифово ја запалил влезната врата од сопствената куќа, во која во тој момент биле неговата снаа и тројцата малолетни внуци, соопшти МВР.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против М.В. од с.Јосифово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност”. На 27.04.2022, пријавениот со употреба на запалива течност предизвикал пожар на влезната врата од семејната куќа, во која во моментот била неговата снаа со нејзините три малолетни деца“, пишува во полицискиот билтен.
Од МВР додаваат дека пожарот го изгаснала сопругата на пријавениот.