Жителите на едно село во источната провинција во Индонезија тврдат дека го нашле авионот АТР 42 на компанијата Тригана Ер кој загуби контакт со воздушната контрола во 15 часот по индонезиско време по полетувањето од аеродромот Сентани.
Во индонезискиот авион имаше 54 лица.
Авионот патувал за Оксибил со 44 возрасни лица, 5 деца и 5 члена на екипажот и летал триесетина минути пред да исчезне од апаратите на воздушната контрола. Портпарол на министерството за транспот потврди дека контактот бил загубен.
«Не знаеме што се случило и се координираме со локалните власти. Времето е многу лошо во тој дел на земјата, со многу облаци а зоната е планинска», рекол портпаролот по исчезнувањето на авионот.
Авионската компанија верува дека авионот наишол на сериозни проблеми со лошото време и тврди дека во тој регион климатските услови тешко се предвидуваат. Компанијата засега одбива да каже дека се работи за авион кој носел повеќе од дозволената тежина.
Индонезија има лош биланс во авионската безбедност. Во декември авион на компанијата Еразиа се урна во море. Во несреќата загинаа 162 лица.




