Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жителите на Карпош не ги спасуваат ни гас-маски, воздухот е отровен

1
By Нова ТВ on February 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вечерва во општина Карпош достигната  е најмаксимална загаденост досега. Во оваа општина нивото на отровните ПМ 10 честички е 30 пати повисоко од дозволеното и изнесува 1219 на м3.

Во Карпош вечерва загаденоста на воздухот може и да се „почувствува и да се види“. Има многу густа магла, а воздухот буквално смрди.

Нивото на ПМ 10 честичките е високо скоро во сите општини. На мерната станица кај Ректоратот измерени се 754 ПМ10 честички на м3, а во Гази Баба 696. Во Лисиче нивото е 636, а во Центар и во Куманово 479.

Локалните власти, но и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по завршување на изборите воопшто не го спомнуваат загадениот воздух. Оваа тема, која е една од најприоритетните за граѓаните, за нивното здравје, беше актуелна единствено за време на изборната кампања како можност за привлекување на некој глас.

Граничните вредности кои се најстрогите правила во законодавството на Европската Унија за нивоата на загадување на воздухот дефинираат дека дневната граница на присутност на ПМ 10 честичките не смее да биде поголема од 40 микрограми на метар кубен.

Овие честички се сметаат за опасни поради нивните милимикронски димензии и формата на мало ноженце со која при вдишувањето, тие навлегуваат длабоко во дишните патишта, а оставаат фатални последици по здравјето на човекот.Но, во Македонија речиси стана секојдневие во дел од градовите ваквите честички и до десетпати да ја надминуваат границата.

 

воздух загаденост карпош ПМ10
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.