Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жителите на „Расадник“ побараа да се запре со бетонизација на Кисела Вода

0
By Sashko on June 30, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со протест под мотото „Стоп за бетонизацијата на Расадник и Кисела Вода“ жителите на скопската населба Расадник побараа да престане бетонизацијата на населбата и да се почитуваат уставните норми и закони за здрава животна средина.

– Бараме нов ДУП кој ќе биде донесен на меѓународен конкурс, а граѓаните да избираат меѓу трите најдобри решенија на референдум. Бараме ДУП кој ќе овозможи цивилизиран и културен развој и живот за идните генерации. Бараме парк, зеленило, спортски и забавни содржини, велосипедски патеки, градинки и училишта и се друго што ќе придонесе за унапредување на животот во Кисела Вода“, велат од Иницијативата „За Расадник на можности за хуман живот во Кисела Вода“.

На местото каде што жителите го организираа протестот се појавија и сопствениците на земјиштето на парцелите кај Расадник кои рекоа дека претходно се било усогласено и затоа нема никакви пречки да бидат изградени околу стотина згради.

Сегашниот ДУП предвидува изградба на околу 100 нови згради на местото на поранешниот расадник во Кисела Вода со што, според жителите на населбата,  дополнително ќе се загрозат и онака лошите и нехумани услови за живеење во овој дел од општината. Жителите велат дека овој план треба комплетно да се поништи, бараат донесување на план што ќе предвиди минимум 40 отсто зеленило, но и изградба на паркови, детски грaдинки, училишта како и поправка на улиците.

– Ние не сме против урбанизација, меѓутоа сме против ваков урбан терор што наметнува одредени решенија, порачаа тие и информираа дека ДУП-от ја надминува предвидената станбена површина на ГУП-от за над 300.000 квадратни метри, а улиците се пренатрупани со возила, нема паркинг места и детски игралишта.

Бетонизација Кисела Вода Македонија протест Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.