Published: Tuesday, April 14, 2026 18:58
Бошко Нацевски: Унгарскиот народ, драги наши функционери, ви кажа со кого се дружите.
И Брисел ви ја предочи големата заблуда во која ја вовлековте Македонија.
Сега ништо друго не ви преостанува, освен маршрутата на оној ваш лидер бегалец, кој во нотесот на Маџар е регистриран како меѓународен криминалец.
Да бидеме на јасно и чисто, на многумина од овој раководен тим, нивото на криминогеноста и ненормалноста им е исто.
Сити сме од манипуланти, криминалци и преваранти.
Одлетајте.
Не мора свиткани како геврек во гепек.
Овој благороден народ и авиончето ви го дава на подарок.
Ни треба спокој, чист воздух, правда без лаги и живот достоинствен за сите, без стеги.
Извор: Фејсбук



