Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Живот со „Панасоник“ во „паметен“ дом и со кафе што ќе ви го свари компјутерот

0
By Нова ТВ on November 20, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 20, 2019 13:34

Автор: Слободанка Јовановска, специјално од Токио

Ѕидови и плакари што зборуваат, дигитална домашна помошничка што ќе ви помогне да сварите чај или  кафе, дигитално огледало што ќе ви каже како сте денес и колку ви е притисокот, плакар што ќе ги отстранува вирусите и ќе ви мери колку ви е дома загадувањето, домашно милениче – роботче што ќе ви ги носи торбите и ќе ви прави друштво на шопинг турите…тоа е најблиската иднина, веќе до 2030 година што ја подготвува јапонската компанија „Панасоник“ под мотото „апдатирајте го вашиот животен стил“.

Во комуникацискиот центар на „Панасоник“ во Токио, по повод стогодишнината на компанијата е презентиран овој град на иднината со кој се најавува нова еволуција во мобилноста. И не станува збор само за проект, туку за вистински креиран дом во кој повеќе време ќе поминете во разговор со дигиталната помошничка отколку со сопругот, во кој веќе нема да живеето со компјутерот – туку ќе живеете во компјутерот. Целиот стан всушност ќе ви стане еден невидлив интернет,  масата  нема да ви служи само за јадење туку и за многу повеќе, огледаото нема само да ви покажува како изгледате туку и ќе ве „облекува“, „шминка“, советув. Во фасцинантниот изложбен салон на најдиректен начин ви е преставена ваквата иднина.

Па, така, домот нема веќе да би биде стан туку како што го нарекуваат овде “wonder life box”. Вратата на станот нема да ја отворате вие, туку камерата над неа која ќе ве препознае. Испораката на нарачка нема да ја дочекате вие, туку со специјалниот код доставувачот ќе ја остави во вид дигитален сеф вклопен како дел од вратата. Не морате ни сами да си ја нарачате храната, бидејќи дигиталата куќна помошничка ќе го стори тоа преку интернет, а вие само треба да и порачате што ви е планот за ручек денеска.

„Софија, сакам една шолја чај, што има на располагање“, е порака за симпатичната дигитална помошничка да ви стави соодветно количество вода во садот за варење, да ви соопшти каков чај имате, да ви ја активира плочата за загревање и да ви го свари бараното. Нејзината појава е симпатична, гласот и е пријатен и нема да ја чувствувате како натрапничка туку како пријател. Притоа нема ни да правите разлика што е маса а што е шпорет за готвење, а секој продукт ставен на „дигиталната плоча“, како на пример вино, ако не е за загревање, на дисплеј е пропратен со информација околу потеклото, составот, па и со слики за атмосфера.

Просторот каде што ги чувате обувките и облеките исто така е под дигитална контрола, а компјутерот не го ни гледате. Тој се грижи во него да исчезнат вирусите, да биде соодветна внатрешната температура, па и ќе го подобрува воздухот внатре. Ѕидот во трпезаријата ќе ве информира  за важни случувања додека  престојувате, па така може да ви соопшти дека има на пример земјотрес.

Место лустери ќе бидете опкружени со ненападни микрофони, камери и скрин плејери. Ако го ставите ајподот на масата во дневната соба, таа веднаш ќе ја преземе неговата функција и фотографиите од него ќе ги проектира на себе, а потоа и на ѕидот пред вас, претворајќи го дневниот простор во огромен екран. Ако ставите книга за читање на масата, автоматски ќе се запалат светлата за да имате поголема видливост. Спалната соба, пак, ќе се претвори во простор за релаксација. Компјутерот ќе ја регулира светлината, а таванот кога ќе ја спуштите главата на креветот ќе се претвори во отворено небо со звезди и месечина. Ќе спиете како да сте надвор во природа.

Купатилото е посебна приказна. Ако застанете на одредено растојание од него, тоа ќе ве скенира целосно со радар, ќе ви го измери притисокот, ќе ви направи ЕКГ на срцето, ќе ви ја каже тежината и други физиќки информации, па и чекор подалеку – ќе ви го каже расположението, дали сте уморни и ненаспани…Во него ќе добете и днвна светлина како низ гранки од дрво иако купатилото нема прозорци. Волшебното огледало ќе покаже кои бои облека најдобро ви одговараат па и како да се нашминкате во зависност од тоа дали станува збор за вечерно излегување, забава или бизнис прилика.

Надвор од домот ќе биде исто така вобудливо. Освен димашното милениче- робтче што ќе носи тешки работи за вас, се спрема и еволуција во движењето. Возовите ќе станат е-возови,како и метроата, автомобилите, па прозорците ќе се користат и како компјутерски екрани, т.е. скрин плејери. Додека се возите ќе можете да си нарачувате видео разговори со членови од семејството или бизнис партнери, ќе можете да си нарачувате на пример цвеќе, па и да барате компјутерот да ги избере комбинациите. Автомобилите ќе бидат без возач, а компјутерот ќе се грижи за атмосферата внатре, каква да биде музиката, каков да биде воздухот, дали треба освежувач и слично.

Ќе им олесне и на тие што треба да извршуваат тешка физичка работа, бидејќи ќе има робот платформа која ќе подига и носи тешки товари место нив. На шалтерите во институциите, граничните премини и слично ќе ве дочека паметно стакло, па и да зборувате кинески, невидливиот компјутер ќе ве преведе гласно на локален јазик. Или поедноставно секој од двете страни на шалтерот ќе си зборува на јазикот што го познава, а стаклото компјутер ќе им ја олесни комуникацијата со превод.

Идејата е технологијата да се доближи уште повеќе до потребите на човекот и да му го лесни животот, според девизата на компанијата „Подобар живот, подобар свет“. На прашањето , а што ќе работиме ние, одговорот беше – ќе одмориме. Овој изложбен центар инаку го посетиле досега 12 милиони луѓе  и ќе биде дел од пропратните манифестации за олимпијадата во Токио идната година. „Панасоник“ е една од водечките компании за висока технологија, автомобилизам и технолошки решенија во Јапонија која вработува дури 270.000 луѓе и вклучува во себе дури 572 компании.Со триесет компани е присутна и во Европа, а најблиску до нас има фабрика во Србија. Профитот годинава е проектиран на фантастични 64 милијарди евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.