Published: Saturday, December 15, 2018 11:48
И покрај повиците да не протестираат по нападот во Стразбур и отстапките на претседателот Емануел Макрон, демонстрантите познати како жолтите елеци сепак, денеска одлучија да протестираат, јави МИА.
Од раните утрински часови на Елисејските полиња, веднаш во непосредна близина на Триумфалната порта можат да се забележат луѓе со жолти елеци.
Според полициски извори, веќе 25 лица се лишени од слобода, од нив на осуммина им е изречена мерка притвор.
Ова е далеку од бројката од минатонеделните демонстрации, кога до десет часот беа уапсени 320 лица.




