Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Златен објектив“ за Кирил Ценевски

0
By on April 29, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 29, 2013 13:35

Режисерот и сценарист Кирил Ценевски е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2013 година, која Кинотеката на Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија. Одлуката ја донел одборот за наградата, а беше соопштена денеска, кога Кинотеката одбележува 37 години постоење.

Наградата на Ценевски ќе му биде врачена на 27 октомври, на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, кога ќе биде прикажана ретроспектива на негови филмови. Тој е автор со голем број филмски награди, меѓу кои и тие за неговиот најнаградуван филм „Црно семе“ од 1971 година (на фестивалите во Пула, Москва, Авелино, југословенски кандидат за Оскар во 1972 и награда „11 Октомври“). Со „Црно семе“ Ценевски е влезен во листата на УНЕСКО „Спомени на светот“. Ценевски (1943) е режисер и на играните филмови „Јад“, „Оловна бригада“, „Јазол“…, и на документарци, меѓу кои и тие посветени на неколку добитници на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, како и за самиот поетски фестивал.

– Имаше повеќе предлози за наградата и е многу тешко да се направи дистанца за заслугите, квалитетот и придонесот на секој од предложените филмски автори, но сметам дека одборот направи правилен избор зашто Кирил Ценевски е еден од најреномираните филмски режисери, рече директорката на Кинотеката Мими Ѓоргоска-Илиевска.

Од денеска до 2 мај во Кинотеката ќе бидат прикажани четири играни филма на годинашниот лауреат на „Златниот објектив“ Ценевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.