Американскиот претседател Доналд Трамп и комедијата за Шерлок Холмс го добија наградите за најлоши филмски остварувања во изминатата година.
„Холмс и Вотсон“, во кој глуми Вил Ферел и Џон Рајли, е најголем „победник” со освоени четири „Златни малини“ вклучувајќи ги и оние за Најлош филм и Најлоши римејк.
Рајли е прогласен за најлош актер во, како што рече творецот на наградата Џон Вилсон, „бесмислена пародија“ на класичната британска детективска приказна.
„Златната малина“ е награда што се доделува за најлоши филмски остварувања, а беше воведена во 1980 година како спротивност на Оскарот.
Трамп ја освои „Златната Малина“ за најлош актер за „улоги“ во два документарни филма: Смртта на нацијата и Фаренхајт 11/9 на Мајкл Мур.