Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Златна мравка 2013 за највлијателните Албанци од Македонија

0
By Нова ТВ on March 4, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 4, 2014 15:42

На манифестацијата „Достигнување на годината-Милингона е арт 2013“ (Златна мравка 2013) на 5-ти март во девет категории, ќе се избираат највлијателните Албанци.

Наградите во разни категории ќе се доделат за работата, делата а најмногу за големото влијание кое го имале кај публиката, или пак вовеле нешто ново во општеството во текот на претходната година.

Според организаторите ова е можност македонската јавност да забележи, кој е придонесот на Албанците во Македонија, во полиња надвор од политиката, а кои сите би требало да не прават горди.

Освоени први места, златни медали, објавени важни научни и други изданија, се дел од достигнувањата на номинираните, како и добиени меѓународни награди, изложби и претстави.

При изборот на добитниците 50% од гласовите ќе бидат од публиката и 50% од професионалното жири.

На церемонијата која ќе се одржува во „Сити Хол„ ќе се доделат и уште две други награди:
Една за животно дело и наградата „Промотер на албанските вредности“, која се доделува на не албанци, кои придонесуваат за поголемо познавање на албанските достигнувања во Македонија.

Манифетацијата „Милингона е арт„ се организира по втор пат, а добитниците ќе добијат статуетка која е прелеана во 24 каратно злато.

Во категоријата за достигнувања на годината на институциите со влијание во културата, номинирани се: Центар ОДА, Национална Галерија на Македонија, Албански Театар Скопје, КИЦ како и Тетовски Театар.

За достигнувања во музиката: Туна, Бесјана Мехмети и Шкодран Толај, Адриан Гаџа и Флоријан и Венера Лумани.

Во категоријата за достигнување на годината во полето на визуелната уметност за наградата ќе се натпреваруваат: Нафи Јашари и Џелил Руфати, Афердита Кики, Таби Азири, Осман Демири и Енкел Дика.

Во достигнувањата на спортот, номинирани се петмина. Помеѓу нив: каратистот Берат Јакупи, атлетичарката Сермедие Латифи, велосипедистот Бленд Троци, боксерот Фатлум Жута како и џудистката Блерина Сефери.

Амернис Нокшиќи, Бајруш Мјаку, Џевдет Јашари, Зарие Јонузи – Ѕака, Луран Ахмети и Рефет Абази ќе се натпреваруваат за статуетката од полето на достигнувањата во изведувачките уметности – сценска уметност.

Во достигнувањето на годината во изведувачките уметности – класична музика номинирани се: „Гудачко трио – Косова“, композиторот Фатос Лумани, диригентот Јетон Пустина како и виолинистот Џафер Џафер.

Во сферата на достигнувањата од полето на медиумите, номинирани се: „Патот кон…“, „Pizzicato“, дневниот весник „КОХА“, „Халкит“, „Без граници – (Радио Скопје)“ како и „3T (КОХА ТВ)“.

Во осмата категорија, за Талент на годината, номинирани се Сенад Рахмани, учесник во X-Factor Албанија, атлетичарката Фиторе Куртиши, соло-пејачот Исмет Вејсели и режисерот Ханис Багашов.

За научни публикации, книжевност и публицистика, номинирани се Резарта Река, Пунторие Зиба Муча, Ким Мехмети, Фатмир Сулејмани, Агим Рушити како и Јелдез Аслани.

Настанот е организиран со поддршка на Т-Мобиле, Уника, Унија Финансиска Скопје, Универзитет Американ Колеџ Скопје, Гемак и Вилсон Скул.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.