Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Зло)употреба на медиумскиот простор како бојно поле на вистината

0
By Marija Todorovska on March 15, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВЕСНА ПОПОСКА / ЦИВИЛ МЕДИА

Руската инвазија врз Украина потврди дека слободата и либералните вредности имаат видливи и невидливи непријатели. Признати во Концептот на бистратешка команда на НАТО од 2010 година, хибридните закани се дефинирани како „оние што ги поставуваат непријателите, со способност истовремено да користат адаптивни конвенционални и неконвенционални средства во остварувањето на своите цели“.

Терминот „хибридни закани“ се употребува како „чадор“ со кој се опфаќа широк спектар на појавни форми на безбедносни закани кои можат да доаѓаат од држави, но и од други субјекти. Двата најсериозни предизвици во справувањето со хибридните закани се потешкотиите да се воспостави каузална и  јурисдикциска врска, односно да се докаже одговорност и да се процесира кривично гонење во меѓународен, и особено сајбер контекст. Информациската војна која се води паралелно со реалната иако е помалку очигледна, има потенцијал да креира далекусежни последици преку освојувањето на симпатиите и поддршката на јавното мислење кое го креираат малициозните центри на моќ, во насока на потокопување на институционалната доверба, радикализација, поларизација, креирање на страв и паника, и на крајот од денот- одмрзнување на смрзнатите конфликти насекаде низ светот, на полузаборавени жаришта.

Информациската војна не е новост, исто како и употребата на пропагандата како воено средство. Впрочем, сеќавањата за препознавањето на медиумски куќи како легитмна воена цел, не се толку избледени од колективната меморија. Но, во морето од вести од сите страни на светот, креирани од новинари, граѓани, но и фабрики на тролови тешко е да се препознае вистината исто како што е тешко да се сетите што сè прочитавте вчера.

Иако една лажна вест навидум може да изгледа наивно а нејзината објава може да се припише на низа либерални принципи на прв поглед, ширењето на дезиформациите не залудно е карактерзирано како воена операција од специјален карактер – бидејќи полека но сигурно, од една полувистина кон друга невистина, се креира наратив кој може да звучи ослободувачки, а да предизвика општествена капитулација долгорочно, во туѓ национален интерес. Затоа, транзиционите општества се првата цел на тоталитарните системи – институциите се сè уште кревки а идентитетските прашања отворени или лесни за отварање, ако се долие соодветното масло на огнот кој тлеел некаде во длабочината – дури и не толку длабоко.

За воља на вистината, не се само транзиционите општества мета на дезинформациите, туку и сите оние кои се или се стремат да се придружат на либералните западни вредности. Вистината е новата железна завеса која полека но сигурно, надвиснала не само над  Европа, туку и над сите континенти. Во ерата кога дезинформациите станаа политичка стратегија, исклучително е тешко да се препознае вистината, и за гласачите, и за новинарите. Во последните години, неколку спектакуларни обиди за изборно вмешување ги окупираа вестите ширум светот. Едно е, сепак, заедничко за сите. Нивниот дизајн, како и тајмингот на изборно вмешување покажаа решеност за целосно нарушен изборниот процес. Ескалацијата на израелско-палестинскиот конфликт, како и конфликтот во Нагорно-Карабах, не беа апсолутна случајност во контекст на развојот на војната во Украина и фронтот на поддршка кој околу неа се обедини.

И не толку далеку од нас, случајот со велешките тинејџери и нивната вмешаност во изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, стана глобална фасцинација. Оваа 2024 година, е изборна на поголемиот дел од земјината топка: од претседателски избори во САД и Франција, до парламентраните и претседателски избори кај нас, како и за составот на новиот Европски парламент и Советот за безбедност на ООН. На листата на земји на кои им претстојат избори се и Бразил и Канада, Азерјбеџан и Индија, како и претседателски избори во Пакистан, каде веќе се спроведоа парламентарни. Во Белорусија, опозицијата ги бојкотираше изборите за парламентот и локалните совети. Изборните резултати во Тајван беа очекувани, но предизвикаа незадоволство кај официјален Пекинг. Од поблиското соседство, Хрватска и Босна и Херцеговина исто така ги очекуваат избори. Изборните периоди се најмногу преплавени со дезинформации. Токму затоа, повеќе од секогаш, мора да сме свесни и будни, како граѓани и како публика, што споделуваме и што конзумираме. Сервисите за проверка на факти исто така играат многу важна улога, а истражувачкото новинарство ќе игра клучна улога во повеќе тековни процеси.

Саморегулацијата беше „спасот“ за електронските медиуми бидејќи интернетот не беше создаден за да биде регулиран. Сепак, таа е недоволна за да се справи со напливот на злоупотреби или искривувања на реалната слика, во свет во кој речиси секој има неколку само свои вистини. Алгоритмите на социјалните мрежи само го зајакуваат и прошируваат балонот на ограничената свесност, опкружувајќи не со впечаток дека не постои друга реалност освен сопствената, и дека светот во кој живееме е исклучиво црно-бел.

Секоја дополнителна регулација од друга страна, ќе нè соочи со потенцијално „чилирање“ односно ќе има потенцијален „ефект на ладење“ кон медиумските слободи.

Проф. Весна Попоска е универзитетска професорка и независна аналитичарка.

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторката.
Весна Попоска дезинформации лажни вести Русија Украина ЦИВИЛ Медиа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.