Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Значи стварно сте мизерни …

0
By Zoran Ivanov on June 13, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 13, 2025 12:26

Ако Гувернерот зима 3 илјади евра плата а ти, мизеријо, зимаш 400 евра плата, знаеш ли кој е просекот? Знаеш ли кој ти го крева просекот, а? Епа Гувернерот. И да не е тој со таа плата еве НА, што ќе јадете јадоди и црешни у просек, еб.ве бељата еб.ве.

Борче Трајковски

Па добро бе мајку му стара, што сакате вие? Гувернерот на Народната Банка да зима 300/400 евра плата за да живее како вас? Тоа ли сакате? Да се јави во банка за кредит и да му речат, извинете професоре, односно Гувернеру, одбиено ви е барањето кредит од 30 илјади денари, мала ви е платата?

Тоа ли сакате бе мизерни душички? Сакате да биде како вас? Да врти глава на пазар кога поминува покрај црешни, јагоди, лубеници, да се прави удрен дека не го интересира овошјето на сезоната, додека лиги му течат а стрес да го фаќа од истакнатите цени? Сакате да не оди на Халкидики секој викенд, а ако отиде преку туристичка агенција со автобус да дреме на гранични премини по неколку саати док не му се збоктиса и одмор и викенд, и сФе?

Тоа ли сакате? Сакате да биде обичен човек? Епа од некни не е обичен бе мизеријо белосветска. Тој е Гувернер на Народната Банка на Македонија, и во следните 7 години ќе зема по најмалку 3000 евра месечна плата, без патни трошоци и дневници, и ќе ни кажува дека со минималните плати во Македонија може да се живее квалитетно, дека цените се во согласност со платите, дека денарот е стабилен, дека нема инфлација, дека сме четврта економија у Свет, дека у просек и вие јадете јагоди и лубеници и црешни. А просекот е најважната ствар у финансии и економија у монетарна и фискална политика.

Ако Гувернерот зима 3 илјади евра плата а ти, мизеријо, зимаш 400 евра плата, знаеш ли кој е просекот? Знаеш ли кој ти го крева просекот, а? Епа Гувернерот. И да не е тој со таа плата еве НА, што ќе јадете јадоди и црешни у просек, еб.ве бељата еб.ве. А башка што никој од вас не се прашал како му беше на Гувернерот додека студираше, додека гладуваше, додека спиеше на клупи у амерички паркови, док јадеше Ход Дог без виршла? Гајле вие вас за тоа, ама затоа гласно трубите сега дека зимал голема плата. Па ќе зима бе алооо! Чоекот бар има америчко образовање, а сите знаеме дека “Америка и Енглеска биќе земља пролетерска!“ И дочекавме. И Америка и Енлгеска се нашите најстратешки партнери. Што сакате поише? Поголеми кредити и задолжувања кој може да ви наака? Русија и Кина? Абе ај…

И не изигравајте паметњаковиќи, ако ви сметаат високите плати на функционерите, ако ви сметаат немилосрдните арчења на владините необразовани “барбики“ со надувани усти, г’зови и цицки низ рајските острови на ваш трошок, ондак ај излезете на вруќиниве и штрајкујте, фрлајте бои на фасади у знак на протест, пумпајте ко Србине, да ве видам.

Ама жешко е, нек залади малку, па ќе видат тие, така ли? Само да се мрчело. Значи стварно сте мизерни …

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

Борче Трајковски Гувернер колумна плата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.