“Како доктор во брза помош никогаш не можам да бидам сигурен дали еден пациент ги има сите свои ментални способности откако доживеал амнезија. За да оценам, му поставувам четири едноставни прашања:
- Како се викате?
- Каде се наоѓаме сега?
- Кој ден е денес?
- Кој е претседател на САД?”
Ова е дел од текстот на докторот Џереми Самјуел Фауст, вработен во итната медицинска служба во една болница во Бостон кој напиша текст за Slate.com во кој раскажува повеќе примери на реакции кај луѓе кои излегуваат од долга состојба на амнезија и кои се уште не ја дознале веста дека нов претседател на САД е Доналд Трамп.
Секоја недела, пишува др Фауст, повеќето пациенти не знаат да одговорат на последното прашање. Од изборот на Доналд Трамп за претседател, одговорот на последното прашање за др Фауст е, вели тој, тежок момент.
“Секогаш, пред да одговорам, правам пауза, длабоко воздивнувам, го гледам пациентот право во очи и ја изговарам вистината: претседател на нашата земја, Соединетите Американски Држави, е Доналд Трамп. И потоа молчам. И мојот поглед го фиксирам во очите на пациентот. Најчесто нивната реакција е лоша”, пишува др Фауст.
Помеѓу примерите што ги наведува докторот ја има постарата госпоѓа која “тешко воздивна како да и умрела саканата мачка”, еден пациент ме праша дали се зезам со него, еден човек кој гласал сакал да гласа за Трамп остана вчудоневиден.
“Каква и да е и нивната политичка припадност, реакциите на пациентите покажуваат дека реалноста е уште почудна и поизненадувачка од романите”, вели др Фауст.




