Published: Sunday, January 1, 2017 21:05
Глобално познатиот знак дека се наоѓате во Лос Анџелес, од Холивуд стана Холивид (Hollyweed) откако за време на Нова Година, неидентификувано лице извршило “корекции“ во знак на марихуаната.
На фотографијата која ја објавуваат американските медиуми, се гледа дека на буквите се допишани и симболи за мир и љубов.
Виновникот може да се соочи со казна за несоодветно однесување, пишуваат медиумите од САД.
Калифорнија во ноември ја легализираше марихуаната за рекреативна употреба.




