Published: Wednesday, February 25, 2026 10:56
Борче Трајковски: Кога си министер во власта, и бараш одговори од колега во МВР, од директори на АНБ и УБК, ако не знаеш дека за тие прашања нема да добиеш одговор, ондак ти не си за во оваа власт.
Врска немаш во каква власт си “уштекан“.
Или, се’ си знаеш, само се обидуваш да парадираш пред јавноста, глумејќи “правда“ и правичност за да собереш безначајни лајкови на социјални мрежи.
Ако, пак, партијата е таа која те натерала вака да реагираш, свесна дека само со манипулации може да се излезе од скандалот кој ја става на испит комплетната власт, ондак и таа заедно со тебе го потврдувате вашето интересџиско учество во коалицијата со најапашката партија ДПМНЕ.
Извор: Фејсбук



