Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ: Добро е што има напредок, но треба уште многу за да се подобри состојбата со медиумите

0
By Нова ТВ on April 18, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 18, 2019 14:48

Добро е што земјата бележи прогрес во последниот извештај на Репортери без граници, но Владата, правосудните органи како и самите медиуми потребно е уште многу да работат со цел да се креира амбиент што ќе биде поволен за работата на сите новинари и медиумски работници, изјави денеска претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, по повод најновиот извештај на Репортери без граници.

Дел од овие проблеми се неспроведувањето на реформите во јавниот сервис (МРТ), потребата од измени и дополнувања на дел од медиумските закони како што се: Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, но и Изборниот законик, наведува ЗНМ.

Сериозна забелешка во нивниот извештај е културата на неказнивност кога се повредуваат правата на новинарите со што се стимулира идно насилство кон новинарите и медиумските работници. Освен ова, критика се дава и за тенденцијата на одредени високи владини функционери кои се закануваат и навредуваат новинари, додава Здружението на новинари на Македонија.

Тој уште еднаш потсети дека потребно е медиумските реформи да се вратат во фокусот на работата на Владата и Собранието, бидејќи само преку инклузиивен и транспарентен начин може да се дојде до квалитетни решенија, со кои ќе се олесни и подобри работата не само на МРТ, туку и на приватните медиуми.

– На овој начин, може да се подобри довербата на граѓаните во медиумите, а нашата земја да го подобри својот имиџ во светот за нивото на слободата на изразување и независноста на медиумите и да го повтори успехот на светските индекси. Потсетуваме дека Македонија во 2007 година беше на 36 место на индексот за слобода на медиумите и ова треба да биде репер кога зборуваме на оваа тема, рече Чадиковски.

Северна Македонија бележи скок од 14 места на последниот индекс за слобода на медиумите на Репортери без граници и моментално се наоѓа на 95-то место од вкупно 180 земји во светот. За споредба, минатата година земјата се наоѓаше на 109-то место.

Според оценката на Репортери без граници, овој прогрес се должи пред се на намалувањето на бројот на напади врз новинарите во текот на 2018 година. Сепак, тие ги нагласуваат и негативните појави во медиумската сфера и тоа истите за кои и ЗНМ во претходниот период на повеќе наврати укажуваше и повикуваше на нивно решавање.

Во споредба со балканските земји Македонија се уште се наоѓа на претпоследно место, пред Бугарија, но зад Словенија, Грција, Хрватска, Србија, БиХ, Косово, Албанија и Романија, што потврдува дека треба уште многу да се работи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.