Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ и МВР разговараа за зголемување на безбедноста на новинарите

0
By Нова ТВ on December 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 1, 2017 15:52

Зголемување на безбедноста на новинарите, како и за идните можности за соработка меѓу Здружението на новинари и Министерството за внатрешни работи беа теми на денешната средба на претседателот на ЗНМ Насер Селмани и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Селмани искажа подготвеност да соработува со МВР со цел да се подобрат условите за работа и безбедноста на новинарите.

– Сакам да ја искажам нашата подготвеност да помогнеме да изградиме институционален механизам за превенција и казнување на насилството врз новинарите, рече Селмани и додаде дека треба да се расчистат сите напади врз новинарите кои се случија во последните неколку години.

Селмани предложи организирање заеднички обуки за слободата на изразувањето и за подобрување на комуникацијата на новинарите и полицијата.

Тој рече дека жали за приведувањето на двајцата камермани од полицијата на почетокот на ноември и изрази надеж дека такви инциденти во иднина нема да се повторат.

– Ние сметаме дека до таков инцидент не требаше да дојде и очекуваме МВР во најскоро време да одговори на нашата претставка, рече Селмани.

Спасовски истакна подготвеност за блиска соработка со ЗНМ, која наскоро ќе се официјализира со потпишување на Меморандум за соработка.

Тој, како што соопшти ЗНМ, со задоволство ја прифатил идејата за организирање заеднички обуки за подигнување на свеста на припадниците на полицијата за важната улога на медиумите во едно демократско општество.

безбедност ЗНМ; МВР новинари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.