Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ: Осуда за попречување на работа на новинарска екипа пред црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“

0
By Нова ТВ on April 29, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на новинарите на Македонија го осудува односот на припадниците на Министерството за внатрешни работи, кои не дозволиле на новинарската екипа на Македонската радио телевизија да сними прилог по повод Велигденските празници, пред и во дворот на црква во Скопје.

– На 27 април околу 11 часот пред црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Горно Лисиче, на снимателот Трајче Илиевски и новинарката Марија Котовска од МРТ не им било дозволено да пристапат во дворот на црквата и да снимат прилог од страна на униформирани лица од МВР. Според новинарската екипа, образложението на присутните полицајци било дека снимателот и новинарката не смеат да бидат на таа локација поради најавено присуство на висока делегација, соопштува ЗНМ.

Здружението вели дека ваквото укажување е проблематично зошто се покажало дека не станува збор за висока делегација, а и да било тоа случај полицијата не може да ги брка новинарските екипи туку напротив да им обезбеди простор од кој тие безбедно ќе ја вршат својата работа.

– За оваа неоправдана постапка на припадниците на МВР со која се попречува работата на снимателите и новинарите, ЗНМ ќе поднесе и претставка до Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, се вели во соопштението на ЗНМ.

ЗНМ новинари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.