Поранешниот премиер Зоран Заев и неговиот брат, познатиот бизнисмен Вице Заев, денеска ја основаа Фондацијата „Едно општество за сите“ со основен влог од 20 илјади евра. Директор на фондацијата е Зоран Заев.
Фондацијата ќе врши дејности и активности за унапредување, поддршка и развој на општеството, јавното здравје, едукацијата на млади, заштита на животната средина, спортот, културата и уметноста.
Цели на фондацијата се креирање на социјално-хуманитарна програма, солидарно – инклузивна програма, конгрес центар, програма за животна средина, академија на јавни политики, спортско-рекреативна програма, мото-рели.
Идејата за ваква фондација беше спомнувана повеќе пати во јавноста во последниот период, но дури денес таа се оствари. Според најавите во неа учество ќе земат повеќе интелектуалци од земјава, а учесник ќе биде и Венко Филипче.