Зоран Милески-Кичеец, третообвинет во случајот „Рекет“, доби три години затвор за примање награда, откако во текот на вчерашниот ден призна вина. Судот одлучи тој да остане во домашен притвор откако претходно ги сослуша аргументите на обвинителствот и одбраната.
https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/426140924729971/
Според обвинението, преку третообвинетиот Зоран Милески, кој инаку имал улога да ги договори средбите помеѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев, Боки 13 го уверил токму Камчев дека Јанева ќе ги исполни неговите барања за олеснување на неговата позиција како учесник во криминалот за „Империја“. Јанева преку телефон го уверила тоа, без да знаат Јовановски и Јанева дека Камчев ги снима што зборуваат и дека Јовановски зема торба полна со пари. Пари кои сега Камчев ги бара како отштета во износ од 1.5 милиони евра.
Обвинителската Вилма Русковска предложи продолжување на куќниот притвор до издржување на казната, а адвокатите на Милевскли пак бараа да се укине, затоа што треба да се грижи за неговиот болен татко, и дека не планира да бега. Тие истакнаа дека и досега секогаш бил достапен и признал вина.
Првоосомничениот Бојан Јовановски и второосомничената Катица Јанева се изјаснија дека не се виновни. По признанието на Кичеец, судот ја одвои постапката, а рочиштето против Јанева и Боки 13 ќе продолжи на 6 декември.