Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Билал Касами ја косовизира Македонија?

0
By Ана Василевска on August 14, 2023 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Курти-Касами
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА

Непосредно пред расправата за уставните измени и додека се прават напори да се увери јавноста дека Македонија оди кон европеизација а не бугаризација, лидерот на Беса, Билал Касами, ги разгоре страстите – изведувајќи сценарио на косовизација на земјата. Знамиња на „Голема Албанија“, песната „Добредојде во Албанија“, Тетово и Призрен ист град, тој Курти, Изет Меџити и Африм Гаши на чело на колоната –  беа сцени на очаен национализам смислен само со намера да соберат некој поен кај гласачите во албанската заедница. Практично, откако партиите на две недели им се распаѓаат и прегрупираат и никој не може да сфати со кого се, за што се и до кога ќе застапуваат одредена политика.

Бидејќи е јасно дека косовскиот премиер Албин Курти е во изолација и му требаат вакви излети за да продава магла на гласачите во неговата држава, дилемата е – може ли ваквата дрска провокација на неколку политички губитници да се претвори во добитна комбинација? Уште подобро, може ли Албин Курти да му обезбеди на Билал Касами победа на изборите за кои се подготвува, откако во континуитет прави цик-цак политички потези и се покажа како велемајстор за погрешни одлуки во клучни времиња? 

Касами во политиката влезе како кадар на ДУИ, но од 2008 година, кога се разиде со оваа партија, пробува да остави сам свој печат, но и ден денес не може да извојува каква било победа ако зад него не стојат политички сојузници. Најголемиот успех Беса го постигна на изборите во 2016 година освојувајќи пет пратеници и 57.800 гласови, но оттогаш поддршката на оваа партија оди надолу и, да не беше катастрофалното управување на Теута Арифи со Тетово, и да не застанаа зад него ВМРО-ДПМНЕ, Касами не ќе имаше каде да го организира националистичкиот собир минатиот петок.

Овој собир, пак, беше втората провокација во низата, бидејќи само некој месец претходно тој беше домаќин и на претседателката на Косово, Вјоса Османи, која исто така помина со демонстрација на патетичен национализам и вазалство кон Приштина. Иако тогаш изјавите  на Османи главно останаа незабележани од јавноста, таа исфрли неколку провокации на кои требаше да се реагира со дипломатска нота од нашата држава. Тогаш Касами ја дочека Османи со зборовите „добродојдовте во албанскиот главен град во Македонија“, но подоцна се правдаше дека мислел на албански центар, додека Вјоса Османи ја величаше „заедничката историја“ што, по спорот со Бугарија, секој и малку искусен политичар треба да знае дека е терминологија на која сме алергични во нашата држава. Касами притоа ѝ даде на Османи „клуч од Тетово“ за да се чувствува како дома, а таа исфрли еден куп обвинувања кон српското население во Косово и кон официјален Белград, што беше недипломатски за гостинка.

Тоа што го почна Вјоса Османи, деновиве го продолжи Албин Курти, кажувајќи ни дека треба да се дистанцираме од Србија и да се приближиме кон Косово, Албанија и кон Бугарија, нешто што не би си го дозволил ниту еден македонски политичар на јавна сцена за Косово. Освен што ваквата изјава беше дрско мешање во внатрешните работи на Македонија, Курти наедно покажа колку  е прегазен од времето како политичар, и тоа не во европски рамки, туку и на Балканот, сугерирајќи ни конфликт со соседна држава место барање решенија.

На таков начин тој практично се постави и кон односите внатре во албанскиот блок во Македонија, одработувајќи отворено против власта, а за албанската опозиција, како што на времето проба Себастијан Курц и неславно помина во Македонија. Како политичар скаран со цел свет, па и со албанскиот премиер Еди Рама, тој буквално ни солеше памет како да се определиме – кон Отворен Балкан или кон Берлинскиот процес, иако на подготовките за вториот самиот не присуствуваше. И да биде впечатокот комплетен, тој во некакви историски рамки порача дека Тетово и Призрен биле ист град, но се симнал Господ и ги поделила Шар Планина.

Иако Курти добро котира меѓу Албанците во Македонија поради неприфаќањето на договорите со Србија, одбивањето на формира заедница на српски општини, имиџот на бунтовник и  наводната борба против корупцијата, Касами со ставањето во вазалска улога на косовскиот премиер, па и со обидот самиот да глуми „Курти“ со асоцијациите за „Голема Албанија“, од лидер на опозицијата се претвори во непожелен политички партнер, а од борец против естаблишментот и корупцијата – во политички импровизатор рамен на лидерот на Левица.

Што постигна, всушност, Касами во политиката досега и зошто верува дека со истрошена агенда и надворешни спонзорства може да се наметне како лидер на Албанците во Македонија? Откако ја напушти ДУИ во 2008 година тој се приклучи на партијата Нова демократија која едвај издржа три години и се распадна. Благодарејќи на него се распадна и Беса на две партии, а сега со истите тие со кои се разиде тогаш се обединува за да ја урне ДУИ од власта. Во 2020 година му даде „беса“ на Зоран Заев за заеднички настап на изборите, но сврте страна, поради што Мендух Тачи од ДПА бараше тогашниот премиер да го исфрли од коалицијата.

Кога се обиде да ја урне владата на Заев и заедно со ВМРО-ДПМНЕ да изгласа ново парламентарно мнозинство, доживеа тотално фијаско бидејќи негов пратеник им го сврте грбот, правејќи ги смешни и ВМРО-ДПМНЕ и Беса. Откако на изборите за градоначалник победи со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ успеја дури двапати да ја натера оваа партија да се огради од неговите политички постапки, почнувајќи од изјавата за Тетово како албански град, па до дочекот на Курти.

Очигледно, откако ја претвори партијата во „контејнер“ собирајќи ги околу себе сите човек партии, почна и да ги менува платформите, па место антикорупција почна да плива сѐ повеќе во националистички води. Првиот сигнал беше условувањето на уставните измени со тргање на одредницата 20 отсто, а сега кокетирањето со „Голема Албанија“, поточно „Големо Косово“, бидејќи тој и Еди Рама се во лоши односи, па и му „откажа средба“ за време на последната посета иако албанскиот премиер не ја ни побарал.

Егзибиционизмот помешан со национализам реално беше присутен во неговото политичко дејствување од почетокот, освен кога беше кандидат за градоначалник на Тетово, па со лопати копаше мраз низ тетовските улици и ветуваше дека само со него градот ќе стане функционален и урбан. Откако не успеја да го собере ни ѓубрето во „албанскиот главен град“ и оствари едвај десет отсто од ветувањата, се врати на сигурниот терен на национализмот, иако правата на Албанците веќе не оставаат простор многу за оваа тема. Касами кариерата практично ја градеше со ветувања за редефинирање на државата (за да немало економска доминација на една етничка група), со барања за консензуална демократија, за ревизија на Охридскиот договор (бидејќи, според него, не се исполнувал) и за промена на државните симболи, но реално остана забележан по информациите дека наводно добива пари од Реџеп Таип Ердоган и дека се обидува да го внесе исламот како политичка платформа во земјата.

Бидејќи нема харизма како политичар, бидејќи бесата не му држи, а партнерите пречесто ги менува, му остана само да биде резервна варијанта на ВМРО-ДПМНЕ за евентуално уривање на владата. Тоа што го викна на помош Курти и што ги собра сите фракционери околу својата партија само покажува колку не верува во својата политичка моќ и дека национализмот му е очаен обид да се одржи на сцената, а не да победува. И сето тоа може да се проголта освен фактот дека заради свои политички интереси ги згази државните, внесувајќи раздор и гнев во најсуптилен момент за државата, праќајќи притоа порака дека не е лидер туку лош политички калкулант.

Извор: Независен.мк

Албин Курти Билал Касами Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.