Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Зошто и од кого новинарите се плашат

0
By Нова ТВ on August 23, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 23, 2018 15:54

Колку новинарите можат да се занимаваат со својата работа, и доколку не, зошто молчат, дали се почитуваат нивните работнички права, стравот што го чувствуваат додека ја извршуваат својата работа, се дел од прашањата на истражувањето „Невидливо насилство: Стории од редакцијата“, што се спроведе во пет земји од регионот, а чии резултати беа промовирани денеска во Скопје.

Новинарката Биљана Секуловска, една од авторите на истражувањето, рече дека дури 70 проценти од новинарите во регионот би ја смениле професијата, а главни причини за тоа се ниските плати – 42 отсто, додека на второ место е цензурата во редакцијата – 15 отсто. Посочи дека на прашањето дали се слободни јавно да зборуваат за притисоците со кои се соочуваат во редакцијата, 32 отсто одговориле дека не сакаат.

Биљана Секуловска

Според неа, главното прашање во истражувањето било дали новинарите можат да се занимаваат со својата работа.

– Прашањето е комплексно и има две причини, пред се има политички притисоци, притисоци во редакциите од страна на уредниците, сопствениците, а на прес-конференции од политичарите, рече новинарката Биљана Секуловска, една од авторите на публикацијата.

Според неа, второто прашање е за политичките права, односно правата на новинарите, неможноста да работат во нормални услови, неможноста да земаат достоинствена плата.

– Новинарите многу често се понижувани, обезвреднувани, малтретирани, понекогаш и сурово од самите уредници, и поради тоа крајното прашање е како новинарите можат да се извлечат од оваа ситуација, доколку пред се бидат солидарни и доколку не молчат, рече Секуловска.

Вели дека 90 проценти од новинарите во ова истражување молчеле, или инсистирале да бидат анонимни, и упати повик сите новинари да го кренат својот глас и да се борат за своите права, за слободата на медиумите и за сопствената слобода.

Жарка Радоја од порталот Контрапрес, Србија, една од авторите во истражувањето, рече дека ситуацијата во медиумите во Србија од година в година е се полоша, а за тоа, рече, најдобро говорат истражувањата на релевантни меѓународни новинарски организации, и организации за заштита на човекови права.

– Што се однесува до резултатите од истражувањето, ситуацијата во Србија е многу слична на ситуацијата во останатите четири земји. Новинарите се соочуваат со цензура, мобинг, неостварени работнички и други права, немаат доволно слобода да се занимаваат со својата работа, вели Радоја.

Таа вели оти додека го правеле истражувањето, не биле свесни за количината на страв што новинарите го имаат додека се занимаваат со својата работа и оти општествата во кои новинарите се плашат од својата работа, не можат да се наречат слободни општества.

Уна Хајдари од Косово вели дека таму проблемот е што нема новинарски синдикати кои би се бореле за правата на новинарите и оти се уште постојат етнички поделби во оваа фела.

Истражувањето е спроведено од јануари до мај годинава во пет земји од Западен Балкан – Македонија, БиХ, Србија, Косово, Црна Гора. Во истражувањето учествуваа новинари од јавни, комерцијални и непрофитни медиуми.

Дилемата беше дали новинарите во регионот имаат професионална иднина, аргументирана со сведочењата на повеќе локални новинари. Одговорите на прашањето „Што е новинарот денес?“ најдобро ја покажаа состојбата на духот и на џебот на професионалците од оваа сфера:

„Новинарите се рудари што работат за да преживеат“,

„Новинарот (во Србија) е застрашен и послушен“.

„Новинарот секојдневно се бори со ветерници“.

„Новинарот е борец против цензура, автоцензура и притисоци од сите страни“.

„Новинарот е синдикалец“.

„Нновинарот денес е се што не смее да биде“.

„Новинарот е некој меѓу Дон Кихот и Сизиф“.

„Новинарот е потрошна стока“…

Проектот „Невидливо насилство: Стории од редакциите” е поддржан од ЕУ и е дел од програмата „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување“, што го реализира Хрватското новинарско здружение како дел од проектот „Регионална платформа за заговарање на слободата на медиумите и сигурност на новинарите на Западен Балкан“. Проектот е реализиран низ партнерство на шест регионални новинарски здруженија: Независното здружение на новинарите во Србија, Здружението на новинарите на БиХ, Хрватското новимарско здружение, Здружението на новинарите во Македонија и Синдикатот на медиумите во Црна Гора.

истражување Контрапрес Невидливо насилство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.