Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто собранието и Сиљановска-Давкова го спасија Мијалков и други 200 лица

0
By Zoran Ivanov on February 3, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 3, 2026 11:00

Јанко Бачав: Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Кривичниот законик, а Сиљановска-Давкова Гордана го потпиша указот за прогласување на законот.

На прв поглед, ништо невообичаено. Но, токму овие дејства го спасуваат Мијалков и уште околу 200 лица од кривичен прогон поради настапена застареност.

Каква е врската меѓу законските измени и бандитите?

Во 2023 година, Владата на СДСМ донесе измени на Кривичниот законик со кои настапи застареност за кривичното гонење на Мијалков и уште околу 200 лица.

Законските измени беа оспорени пред Уставниот суд, кој на 12 февруари 2025 година реши да поведе постапка. Но, наместо да ги поништи измените, судот ја префрли топката во Собранието и му даде рок да одлучи за измените на Кривичниот законик.

Собранието вчера ги усвои измените на Кривичниот законик и тие ќе важат во иднина, што значи дека застареноста за Мијалков и останатите 200 лица останува.

Што ќе се случеше доколку пратениците не постапеа?

Доколку Собранието не расправаше и(ли) Сиљановска Давкова не го потпишеше указот за прогласување на законот, тогаш се отвораше патот законот да се врати на одлучување повторно кај Уставниот суд и судот мораше да донесе одлука.

Поништувањето од страна на Уставниот суд доведува до неважност на измените на Кривичниот законик од моментот на нивното донесување во 2023 (ex tunc) и се смета дека законските измени никогаш не постоеле, немаат правен ефект и се поништуваат правните последици што настапиле.

Според тоа, со поништувачката одлука на Уставниот суд ќе отпаднеше застареноста, а кривичните постапки против Мијалков и дружината од околу 200 лица, повторно ќе продолжеа таму каде што беа прекинати. На пример, во случајот Мијалков – во фаза на жалба пред Апелациониот суд откако претходно беа донесени три осудителни пресуди од Основниот кривичен суд Скопје против Мијалков на вкупна казна затвор од 28 години и конфискација на украденото.

За жал, Собранието и Сиљановска-Давкова практично го стопираа продолжувањето на овие постапки и обезбедија спас за Мијалков и групата од околу 200 лица.

Извор: Фејсбук

јанко бачев став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.