Published: Tuesday, April 28, 2015 10:03
Во понеделникот попладне, во напад на полициска станица во босанскиот град Зворник, убиен е еден полицаец, а ранети се двајца, јавуваат медиумите од регионот.
24-годишниот Нердин Ибриќ, во понеделникот со автомобил се довезол до полициската станица при што убил еден полицаец на врата. Потоа влегол внатре и продолжил да пука, при шти ранил уште двајца полицајци.
Како што пренесуваат босанските медиуми, напаѓачот кој извикувал “Alahu akbar” потоа бил убиен од полицијата.
Утрово во Зворник забележано е зголемено присуство на полицајци како и поголемо обезбедување околу зградата во која се случил нападот.
Полицајците кои беа ранети се во стабилна здравствена состојба.




