Чад во воздухот, парчиња од националното знаме и облека, искршени стакла…ова е сликата во главниот град на Венецуела, Каракас, речиси два месеци каде илјадници демонстранти бараат оставка од претседателот Николас Мадуро.
Но еден момент на инспирација од младо момче е она за кое медиумите од светот пишуваат денес – звукот од виолински жици.
Откако ја слушнале химната на државата како одекнува од виолината на 20-годишно момче, неколку демонстранти застанале до него за да го заштитат од солзавецот и шок-бомбите кои полицијата ги употребува за да ги растераат демонстрантите.
– Стоеше и ја свиреше химната на Венецуела, и неколку деца околу него застанаа за да го заштитат, објаснува Иван Ернесто Рејес, новинарот кој го снимал моментот.
Протестите во Каракас траат уште од крајот на март кога Врховниот суд на Венецуела го распушти Парламентот и целата моќ си ја даде на себе, што опозицијата го квалификуваше чинот како државен удар.
По три дена, оваа одлука беше повлечена, но протестите продолжија со барање за оставка од Мадуро кој ја контролира власта во државата.
Според официјалните бројки, 36 луѓе загинаа досега во протестите, а околу 750 се повредени.




