Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Акција на МВР: Се бараат Илиевски, Дамовски и Нинџа, ќе има потерници

1
By Нова ТВ on November 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 28, 2017 10:22

Акцијата на МВР за приведување на сите вмешани во насилствата на 27 април се уште е во тек. Неофицијално, полицијата трага по неколкумина кои беа видени и на снимките, но и беа најекспонирани за време на крвавиот четврток во Собранието.

Претходно МВР потврди дека освен екс министерот за внатрешни работи и екс директор на Бирото за јавна безбендост Митко Чавков, приведени с еуште 15 лица, меѓу кои пратеници и екс фунцкионери и лица од јавниот живот: Крсто Муковски, Сашо Василевски и Жаклина Стефановска, актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, поранешниот директор на ФЗОМ Сашо Стефановски, екс директорот на МОБ Игор Дурловски и други.

За пратениците кои се приведени во денешната акција, не е потребно формално да им се одземе имунитетот, бидејќи се товарат за дело за кое е предвидена казна затвор над 5 години, велат експертите за НОВА.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против  триесет и шест лица поради  основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, се вели во соопштението од ОЈО.

Неофицијално се трага по Богдан Илиевски, на социјалните мрежи познат како Бетмен Велит и Борис Дамовски, двајцата дел од иницијативата За заедничка Македонија кои одржуваа протести и повикуваа на наводна одбрана на државата, а беа видени во Собранието на крвавиот четврток. За нив ќе бита распишани и потерници.

Се трага и по Никола Митревски – Кољо и Александар Василевски наречен Нинџа. Тој во октомври беше приведен заедно со негов пријател вработен во Шестата управа, и по два часа распит во полициската станица Автокоманда, беше пуштен.

Александар Василевски Нинџа

Александар Василевски-Нинџа се појавува и на видео снимките од крвавиот четврток, меѓу насилниците кои себе носеа фантомки и ја насочуваа толпата кон пресс салата каде што беа пратениците на мнозинството. Тој се поврзува со криминалното подземје и со поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков.Нинџа до сега неколку пати е осудуван и има издржувано казна затвор.

Тој се споменува во два случаи последниве години „Ровер“ и „Детонатор“.

Во случајот „Ровер“ во 2013 година тој беше сведок против 15 обвинети за убиство и помагање убиство на Марјан Тушевски и Kире Јанев во јули 2001 година, меѓу кои и екс министерот Љубе Бошковски.

акција апсења Бетмен Дамовски МВР Нинџа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.