Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БПЦ прифати да биде мајка-црква на МПЦ

3
By Нова ТВ on November 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 27, 2017 12:49

Во ситуација кога Македонската православна црква ја признава Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија (БПЦ-БП) за своја црква-Мајка, БПЦ-БП го смета за своја света должност ангажманот да понуди целосна соработка, посредство и застапување пред помесните православни цркви, преземајќи сѐ што е неопходно за утврдување на канонскиот статус на МПЦ, пишува во одлуката на Светиот синод на БПЦ за писмото од МПЦ.

Синодот на БПЦ на денешното заседание во комплетен состав го разгледа писмото од архиепископот на МПЦ, г.г. Стефан.

„БПЦ никогаш не била рамнодушна кон страдањата на Македонската православна црква, поради што се разговараше. Во ситуација кога Македонската православна црква ја признава Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија (БПЦ-БП) за своја црква-Мајка, БПЦ-БП го смета за своја света должност ангажманот да понуди целосна соработка, посредство и застапување пред помесните православни цркви, преземајќи сѐ што е неопходно за утврдување на канонскиот статус на МПЦ. Формирана е ерхиерејска комисија за преговори со МПЦ и со останатите помесни православни цркви за воспоставување на канонски статус на МПЦ“, пишува во одлуката на Синодот на БПЦ што ја пренесува БГНЕС.

Претходно, пред почетокот на седницата бугарскиот патријарх Неофит рече дека треба да се прифати подадената рака на Македонија.

Во саботата Владиката Наум во анализа со седум точки образложи зошто БПЦ треба да го прифати барањето на МПЦ.

Во анализата тој објаснува дека од моментот кога БПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА, двете Цркви стануваат „сестрински Цркви“, што значи дека ќе бидат рамноправни, но улогата на БПЦ како „мајка Црква“ тука не престанува во однос на другите православни цркви – БПЦ и натаму ја има честа, пред Бог, да не заштитува, застапува и претставува пред Вселенскиот Патријарх и останатите православни цркви се додека МПЦ не го добие „томосот за автокефалност“ од Вселенскиот Патријарх.

– Некои луѓе од Бугарија велат: „Што ќе ни се две цркви кога и од двете страни на границата живее ист народ?“ И да е така, само ќе ги потсетиме дека грчкиот народ, иако е еден, има пет цркви: Александриската, Ерусалимската, Кипарската, Грчката и Вселенската патријаршија, појаснува владиката Наум.

МПЦ-ОА, како што стои во анализата е канонски независна, слободна и црква која не е под ничија канонска јурисдикција, а својата самостојност МПЦ-ОА ја добива со Одлуката на СПЦ од 1959 година.

Според него воспоставување на евхаристичката заедница меѓу БПЦ и МПЦ-ОА е природна последица дури и на „Договорот за пријателство и соработка меѓу Бугарија и Македонија“ и е во согласност со евроатлантските интеграциски процеси кон кои се стреми Македонија со помош на Бугарија.

Митрополитот Наум смета дека се голема лага тврдењата дека Вселенскиот Патријарх веднаш ќе го прекине евхаристичкото сослужување со БПЦ, доколку БПЦ влезе во евхаристичко сослужување со МПЦ-ОА. Вселенскиот Патријарх, како што пишува, е свет човек и добро се грижи за единството на Црквата и нејзините отворени рани. Според владиката Наум, Вселенскиот патријарх попрво би се ангажирал околу смирување на евентуалните црковни недоразбирања отколку да заземе страна.

– Во светот на глобализацијата, повеќе е веројатно дека ќе не молат да влеземе во единство со православните цркви, или дури и ќе не натераат сосила, отколку и понатаму да бидеме изолирани. Во случај на брзо решавање на спорот што Грција го има со нашето име сигурно ќе се реши и статусот на МПЦ, а БПЦ дури тогаш ќе сфати што, пред Бог, пропуштила, пишува владиката струмички Наум во анализата за БГНЕС.

барање БПЦ МПЦ одлука
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп на Truth Social: 41,3 отсто од албанските семејства во САД се приматели на американска социјална помош

January 4, 2026

Нилски коњи уби четворица мажи

January 4, 2026

Грција ќе инвестира 420 милиони евра за автопат кон Северна Македонија  

January 4, 2026

50.000 домаќинства останаа без струја во главниот град на Германија – се сомнева на диверзија

January 3, 2026

Двајца загинати во силен земјотрес што го погоди Мексико – причинета е голема материјална штета

January 3, 2026
ФОКУС
January 4, 2026

Претседателската конкурентка на Трамп Камала Харис за Трамп: Тој се однесува како регионален насилник;ж – акцијата во Венецуела е незаконита

ВЕСТИ January 4, 2026

Поранешната потпретседателка на Соединетите Американски Држави, Камала Харис која ги загуби претседателските избори од Трамп,…

САД поднесоа ново обвинение против Мадуро, сопругата и синот

January 3, 2026

Трамп: Мадуро е уапсен

January 3, 2026

Трамп почна војна – САД ја нападнаа Венецуела

January 3, 2026
ТИКЕР

Трамп на Truth Social: 41,3 отсто од албанските семејства во САД се приматели на американска социјална помош

January 4, 2026

Нилски коњи уби четворица мажи

January 4, 2026

Грција ќе инвестира 420 милиони евра за автопат кон Северна Македонија  

January 4, 2026

50.000 домаќинства останаа без струја во главниот град на Германија – се сомнева на диверзија

January 3, 2026

Двајца загинати во силен земјотрес што го погоди Мексико – причинета е голема материјална штета

January 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.