Од:

Даниел Сервер за НОВА: Не би гласал за обвинети политичари

Американскиот аналитичар Даниел Сервер, вели тој не би гласал за обвинети политичари или за политичари против кои се водат судски постапки, а кои претендираат за власт.

На прашањето на НОВА, како гледа на тоа што владини претставници обвинети за криминал во Македонија, се кандидираат на претстојните избори, Сервер вели во САД таквите воопшто не се кандидираат, но доколку го прават тоа, до народот е дали ќе им ја даде довербата.

Биљана Секуловска: Како гледате на тоа што обвинети владини претставници, како и претставници кои во моментов се под истрага, ќе бидат дел од изборите во Македонија? На пример поранешниот премиер Груевски?

Даниел Сервер: Мислам дека во секое демократско општество луѓе се невини додека не се докаже спротивното. Со ова прашање се справував и како американски дипломат, кога со луѓе кои беа обвинети, остварувавме контакт. Генерално, решението беше да се остане во контакт со нив бидејќи тие се невини додека не се докаже дека се виновни. Така мислам и за Груевски. Не сум сигурен дали Груевски се води во јавноста како обвинет?

Биљана Секуловска: Не, но тоа се очекува.

Даниел Сервер: Би било глупаво да претпоставам дека ќе биде обвинет, иако шпекулациите се тие, но дури и да е, јас би зборувал со него.

Биљана Секуловска: Дури и би гласале за него?

Даниел Сервер: Јас не гласам за обвинети. Мојот глас е различен од вашиот. Јас решавам за својот вие за вашиот. Јас лично не би гласал за некој што е обвинет и во оваа земја, генерално гледано, луѓето не се кандидираат ако се обвинети. Но македонскиот народ е оној кој треба да реши, ако некој е обвинет, дали ќе го гласаат, не сум јас тој кој треба да ви каже за кого да гласате.



Comments are closed.