Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демократијата треба да го урне режимот на Ердоган а не воен удар

2
By Светлана Јовановска on July 16, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 16, 2016 13:08

По неуспешниот синоќешен воен удар, ситуацијата во Турција и понатаму останува доста конфузна.

Како што јави интерим шефот на војската 104 бунтовници и 41 полицаец загинаа синоќа а помеѓу цивилите има 47 загинати. Притворени се 2.800 војници а повеќе од 1.000 луѓе се повредени.

Според премиерот, ситуацијата е под контрола а овој настан, рече тој, ќе остави “црна дамка” врз турската демократија.

Претседателот Ердоган во сабота рано наутро стаса на аеродромот во Истамбул и беше пречекан од толпа негови поддржувачи. Тој изјави дека хотелот на Мармарис каде што бил засолнат бил бомбардиран по неговото заминување.

36536A0100000578-3692693-image-a-102_1468631652302

Триумфалниот пречек на Ердоган во Истамбул утринава

Властите ја презедоа контролата на Парламентот кој од утринава е во вонредна сесија.

Според Дороте Шмит, експерт за Турција од парискиот универзитет Париз 13 која се наоѓа во Истамбул во моментов, нема што да се очекува од оваа сесија:

“Сите партии ќе застанат зад Ердоган со цел да ја сочуваат демократијата. Сите партии го осудија воениот удар по крвавите настани од синоќа”, изјави таа за еден швајцарски медиум.

Според Рикардо Гутиерез, генерален секретар на Европската федерација на новинари “сите партии од опозицијата како и новинарите кои ја трпат репресијата на Ердоган, не го одобрија воениот удар уште во првите часови на настанот. Демократијата треба да и стави крај на авторитарната политика на Ердоган а не воен пуч”, напиша тој на социјалните мрежи.

Заменик претседателот на владејачката партија, Мехмет Мезиноглу, изјави дека владата ќе размислува за враќање на смртната казна по обидот за воен удар.

По неговата изјава е на твитер хаштагот #Idamistiyorum (Сакам смртна казна).

Аличан Тајла, експерт за Турција, вели дека оваа ситуација може да му биде од корист на Ердоган.

“Ситуацијата може да биде корисна за Ердоган и неговата влада. Очекувам уште поголеми рестрикции на слободата и повторно воведување на смртната казна или продолжување на вонредната состојба во Турција”, вели тој.

И додава дека ситуацијата останува експлозивна ситуација бидејќи од една страна има воен удар а од друга зајакнување на исламско-конзервативниот режим на Ердоган.

Како што изјави Ердоган утринава кога стаса на истамбулскиот аеродром велејќи дека ќе «ја исчисти армијата», голема чистка се одвива веќе во војската.

Чистката се однесува пред се на приврзаниците на Фетулах Ѓулен, еден од најголемите противници на режимот на Ердоган. Кој уште ноќва изјави дека не стои зад овој воен удар.

maxresdefault

Фетулах Ѓулен

Ѓулен е непријателот број 1 на Ердоган откако изби корупцискиот скандал во 2013 година во кој беа вовлечени добар дел од луѓето блиски до Ердоган. Тогаш, Ердоган ги обвини Ѓулен дека креира “паралелна држава” чија цел е да ја турне власта. Ѓулен и неговите приврзаници тоа го негираа а синоќа Ѓулен лично го осуди обидот за воен удар.

Утринава Ердоган ги повика луѓето повторно да излезат на улица за да се спречи ново насилство.

„Без оглед на сѐ, вечерва мораме повторно да излеземе на улиците. Нов удар би можел да се случи во секое време“, се вели во пораката на Твитер.

воен удар смртна казна Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.