Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е Владимир Атанасовски новиот шеф на тајната полиција

2
By Нова ТВ on September 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 1, 2016 14:31

Владимир Атанасовски е новиот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, на местото на досегашниот шеф на тајната полиција Љупчо Андоновски. Тој на оваа позиција е именуван на денешната владина седница.

„Атанасовски покажа квалитетни резултати на неговата претходна позиција и одговорно и посветено ја вршеше функцијата. Владата претпладнето на седница го именуваше за нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Сметаме дека и на новата позиција ќе покаже високо ниво на професионализам и соодветно ќе ги изврши работните задачи“, изјави за МИА портпаролот на Владата Ѓорѓиев.

Атанасовски во УБК доаѓа од директорската позиција во Управата за финансиско разузнавање, каде во 2010 година го наследи Ване Цветанов. Првите три години Атанасовски беше в.д. директор, а во 2013 од Владата беше именуван за директор.

„Владимир Атанасовски поседува меѓународна лиценца за финансиски евалуатор издадаена од МАНИВАЛ Комитетот на Советот на Европа за борба против перење пари и финансирање тероризам. Од позначајните проекти кои се поврзуваат со неговата работа се воспоставувањето на сигурносната мрежа за комуникација со банките, имплементацијата на проектот Виртуелна технологија за управување со системот, копија и заштита на податоците“, беше соопштено од Владата при неговиот избор во 2013 година.

За Атанасовски, кој по потекло е од Делчево, нема многу податоци во медиумите, иако имаше висока позиција во борбата со криминалот, перење пари и финансирање на тероризам. Речиси не се појавуваше во јавноста, ниту пак обелодени дека води истрага за некој случај.

finansisko_razuznuvanje_1010_g11 (1)
Владимир Атанасовски (десно)

За него е познато дека првото работно место го доби во 2008 година во тогашната Управата за спречување перење пари, на 26 години, веднаш по завршувањето на Економскиот факултет во Скопје. Пред да стане директор бил советник во Одделението за меѓународна соработка.

Неговото име се спомена кога „пукна“ аферата Актор и кога медиумите бараа одговори од Атанасовски што презема Управата за овој милионски скандал. Дури по неколкудневни прозивки оттаму се огласија со соопштение дека Управата за финансиско разузнавање на 11 Ноември 2013 година отворила предмет за испитување на случајот и утврдување на сите факти, како и евентуално утврдување на постоење на одговорност.

Но, поминаа повеќе години, а опозицијата објави и документи дека 3,5 милиони евра од парите за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица биле извадени во кеш од ангажираната градежна компанија „Актор“ и завршиле во нечии приватни џебови, но се уште нема информација до каде е истрагата и дали има осомничени.

Атанасовски ќе биде третиот директор на УБК за време на десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. 9 години неприкосновен на таа позиција беше братучедот на екс премиерот Никола Груевски, Сашо Мијалков, кој лани во мај си поднесе оставка. На негово место дојде Љупчо Андоновски, кој претходно беше началник на Одделението за  безбедност и контраразузнавање. Андоновски, како што соопштија од Владата, ќе остане да работи во полицијата.

mijalkov1(1)
Сашо Мијалков

Младиот економист Атанасовски ја презема тајната полиција, во време кога во тек е истрага од СЈО за случајот „Тврдина“, во кој се осомничени сегашни и поранешни функционери во МВР.

ljupcvo
Љупчо Андоновски
Владимир Атанасовски Љупчо Андоновски МВР Сашо Мијалков Тврдина УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

ВЕСТИ January 28, 2026

Опозициските партии Левица и Социјалдемократакиот Сојуз на Македонија (СДСМ), го поддржуваат денешниот протест на работниците…

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето

January 27, 2026

Трендафилов: Утре на протест за платите – не им се плашете, никому ништо не должите, должите само достоинствен живот на семејството

January 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.