По пишувањата на НОВА и Крик, амбасадорката на Македонија Вера Јовановска денес беше повикана во Министерство за надворешни работи на Србија да даде објаснување за прислушувањето на српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ, српскиот новинар Мирослав Лазански и пратеникот на Демократската партија на Србите Иван Стоиљковиќ.
Амбасадорката изјавила дека “македонските служби не располагаат со информација за присуство на припадници на други странски служби во Собранието” на 27 април. Таа исто така рекла дека нема податоци за тоа како транскриптите од разговорите на Горан Живаљевиќ, Иван Стоилковиќ и Мирослав Лазански стасале во медиумите.
Таа побарала да и се каже дали на разговор во македонското Министерство за надворешни работи се повикувани амбасадорите на сите земји чии што претставници биле видени во Собранието за време на протестите или е тоа случај само со македонската амбасадорка.
Според помошникот министер за надворешни работи на Србија Горан Алексиќ и шеф на кабинетот на министерот Дејан Златановиќ побарале од Јовановска да ги пренесе во Скопје српските очекувања дека “добрососедските односи можат да се развиваат само врз основа на меѓусебен почит и дипломатските принципи како реципроцитет и рамноправен третман на сите членови на меѓународната заедница”.