Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Павле Богоевски им држеше предавање на полицајците, МВР реагира

2
By Нова ТВ on July 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 13, 2016 19:45

Мисијата на ОБСЕ денеска во Тетово организираше работилница  за обука на полицајци за справување со инциденти од омраза на која предавач, односно инструктор бил активистот Павле Богоевски, поранешен асистент на Факултетот за безбедност во Скопје и активен учесник во протестите на Шарента револуција.

За време на обуката дел од присутните полицајци  јавно искажале забелешки за учеството на инструкторот Богоевски на протестите на Шарената револуција, но по кратката дискусија на таа тема, обуката продолжила според планираната агенда.

Од МВР доцна попладнево во реакција велат дека револтот кај службениците е оправдан, а Мисијата на ОБСЕ во Скопје во иднина да прави проверки кого ангажира.

-МВР изразува жалење за скандалот што се случи, но револтот на полициските службеници кои го искажале со напуштање на просторијата е разбирлив со оглед на фактот што во улога на  предавач односно инструктор се јавува лице кое секојдневно ја напаѓа и навредува полицијата.

Министерството за внатрешни работи јавно апелира до Мисијата на ОБСЕ во Скопје во иднина да прави проверки кого ангажира, бидејќи е неприфатливо лица кои нанесуваат штети од стотици илјади евра, кои рушат споменици, ја напаѓаат и навредуваат полицијата во исто време да бидат и нејзини едукатори.

Досега Министерството за внатрешни работи и Мисијата на ОБСЕ во Скопје имаа долгогодишна и бездруго, повеќе од успешна соработка со голем број на реализирани проекти, работилници и обуки кои се надеваме дека ќе продолжат и во иднина, се вели во соопштението на МВР.

Богоевски, кој е поранешен асистент на Факултетот за безбедност во Скопје и поранешен ментор во Полициската академија, бил избран од страна на партнерот за имплементација на проектот, Хелсиншкиот комитет, за да одржи презентација во врска со мапирањето на случаите на кривични дела од омраза – велат за медиумите од мисијата на ОБСЕ во Скопје.

#Шарена револуција МВР Мисија на ОБСЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.