Ова попладне скопскиот региион е зафатен од најсилното невреме годинава, и едно од посилните во изминативе години. Силни електрични празнења се забележани во периодот помеѓу 17 и 19 часот и достигна бројка околу 800 (за целото скопско подрачје)., објави Метеопро.
Невремето е пропратено со силен ветер, интензивен дожд кој непрекидно врне веќе околу 1 час. Природата на ова невреме е таква што облачните ќелии се обновуваат една зад друга, па оттаму е и долготрајноста на ова невреме.
Делови од Скопје се без струја, а многу улици се поплавени.