Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НДМ со иницијатива до Уставен за изборот на членови во ад-хок телото

0
By Нова ТВ on August 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 23, 2016 16:00

Партијата Народно движење за Македонија (НДМ), денеска во Уставниот суд поднесе Иницијатива за оценување на уставноста на изборот на членовите на ад хок телото за медиуми.

НДМ смета дека одредбата од Изборниот законик за избор на четири члена во ад хок телото за медиуми по партиска линија од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, не е во согласност со Уставот на државата.

-Во член 8 став 1 алинеа 3 од Уставот е предвидено дека темелна вредност на уставниот поредок е владеење на правото, според член 9 од Уставот забранета е дискримација по било кој основ, граѓаните пред Уставот и законите се еднакви, според член 23 од Уставот секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавните функции, во член 32 став 2 од Уставот е предвидено дека секому, под еднакви услови му е достапно секое работно место, вели Злате Војновски, член на Извршниот комитет на НДМ.

-Според овие уставни смета дека партискиот изборот на членови на ад хок телото за медиуми од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ отстапува од усвоениот уставен концепт и од одделни уставни гаранции за функционирање и кадровско пополнување и потребата од развивање на таква постапка за селекција, која ќе биде транспарентна, отворена и со јасни правила,  при што преку јавен оглас од надлежен државен орган како отворен натпревар да се верификуваат способностите и професионалните капацитети на секој кој се пријавил на оглас, а врз основа на способност, знаење и достигнување.Оттука, партискиот избор на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на членови во ад хок телото за медиуми е повреда на уставната гаранција за еднаквост и рамноправност на граѓаните,  додаде Војновски.

Од НДМ велат дека со месечните хонорари од 80 000 долари за членовите на ад-хок телото, поизлегуваат од буџетот за граѓаните, а се за луѓе поставени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Ад-хок телото за мониторинг на медиумското известување се формираше месецов, како резултат на преговорите на четирите политички партии – потписнички на Пржино.

Во негов состав се Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, и Горан Трпеновски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ,а  еттиот член, кој според партискиот договор треба да е Албанец, ќе се избира утре.

Ова тело предвидено е да функционира до завршување на изборниот процес. Телото ќе врши проценка на балансираното известување.

Првиот прекршок, ќе биде санкциониран со предупредување, а евентуалниот втор сноси парични казни. Ниту еден новинар или медиум нема да биде казнуван за искажување на свое мислење, кое пак, според договореното, треба да се разликува од пласирање на информација.

 

 

 

НДМ Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.