Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Саудиските жени добија една битка, но не и војната за своите права

0
By Нова ТВ on September 27, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 27, 2017 09:48

Кралот на Саудиска Арабија Салман издаде декрет со кој им се дозволува на жените за првпат во историјата на оваа земја да возат автомобили.

Кралството беше единствената земја во светот во која на жените им беше забрането да возат. До сега, само мажите можеа да добијат дозволи, а жените кои возеа ризикуваа да бидат уапсени и казнети.

Оваа одлука наиде на пофалби и од внатре и од целиот свет. Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека тоа е “позитивен чекор” кон промовирање на женските права.

-Можам да си го купам автомобилот за кој сонував -кабриолет мустанг, и тоа црно- жолт, вели активистката Сахар Назиф од Џеда, во првите реакции по историската одлука.

Што следува?

Во рок од 30 дена ќе биде формирано министерско тело кое нуди совети.

Наредбата на кралот ќе се спроведува од 24 јуни 2018 година

Американскиот амбасадор во земјата, принцот Калед бин Салман, потврди дека на жените нема да им треба дозвола од мажите за да земаат часови за возење и ќе можат да возат каде и да посакаат.

Тој рече дека тоа е “историски и голем ден” и “вистинската одлука во вистинско време”.

Патот до реформите

Активистите за човекови права во Кралството со години водеа кампања за да им дозволат на жените да возат, а некои жени се соочија со затворски казни, бидејќи му се спротивставија на режимот.

Поради законот, многу семејства мораа да вработуваат приватни возачи за да помогнат во транспортот на жените. Околу 800.000 шофери во моментов се ангажирани за превоз на жените.

Саудискиот активист Луџаин ал-Хатлул, која помина 73 дена во затвор оваа година поради непочитување на забраната, на Твитер објави: “Фала му на Бога”.

Но не сите реагираа позитивно на оваа одлука, посебно конзервативците, кои ја обвинија владата за “кршење на правилата на Шеријатот”.

-Колку што се сеќавам, учителите на Шеријатот рекоа дека е харам (забрането) за жените да возат. Како тоа одеднаш стана халал (дозволено)?, напиша еден од критичарите на Твитер.

Верските конзервативци со години се противеа на жените да им се дозволи да возат, бидејќи сметаат дека тие се “премногу глупави за возење” и дека тоа ” ќе доведе до неподносливо мешање на половите”.

Други пак, сметаат дека и покрај најновиот развој, Саудиска Арабија е далеку од родова еднаквост.

Филип Лутер од Амнести интернешенел оценува  дека ова е “само еден чекор”, додавајќи:

-Исто така, треба да ги согледаме и целата низа дискриминаторски закони и практики што постојат во Саудиска Арабија, вели тој.

Саудискиот закон се базира на строга форма на сунитски Ислам познат како вахабизам и е познат по своите правила за поделба на половите.

Жените мора да се придржуваат до строгите кодови за облекување, не смеат да се дружат со мажи со кои не се семејно, и ако сакаат да патуваат, работат или да одат на лекар, тие мора да бидат во придружба, или да добијат писмена дозвола од – машки старател.

Исламското кралство неодамна се соочи со реакции од конзервативците на социјалните мрежи, откако за првпат во историјата им дозволи на жените да учествуваат на прославата на Националниот ден, на свеченоста со огномети и концерти на меѓународниот стадион “Крал Фахд” во главниот град Ријад.

дозвола за возење жени реформи Саудиска Арабија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

ВЕСТИ July 18, 2026

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација…

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.