НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Семејството Кочан ги напушта менаџерските позиции во своите компании

11
By Нова ТВ on March 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сопругата на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан, Асмира Кочан, се повлече од менаџерската позиција во фирмата „Трансмет лаб ДООЕЛ“, фирма ќерка на компанијата „Трансмет ДОО“. Денеска во централниот регистер е впишан промената во раководството во компанијата и тоа само неколку дена откако нејзиниот сопруг излезе од државата додека по него е распишана потерница за притвор. Нов директор на местото со Асмира Кочан во „Трансмет лаб“ е Селма Кочан, помлад член на фамилијата Кочан. НОВАТВ при проверка во центарлниот регистер забележа дека Асмира Кочан е повлечена и од директорската позиција во телевизијата НОВА. Тоа го сторила минатата година, а периодот коинцидира со почетокот на предистражните дејствија за „Трансмет“ од страна на Специјалното јавно обвинителство.

Фирмата „Трансмет лаб ДООЕЛ“ е фирма ќерка на главната фирма „Трансмет ДОО“, која во моментов е под истрага на Специјалното јавно обвинителство. И двете се наоѓаат на иста адреса во Т.Ц. Зебра во Капиштец.

Во едно интервју на Асмира Кочан пред една година, таа со гордост раскажува за успесите на „Трансмет“ и за поддршката од нејзиниот сопруг, Сеад Кочан.

„Од година во година друштвото, полека но сигурно, се градеше и ја заземаше позицијата на компанија што е препознатлива според својот квалитет, исполнителност и навремено услужување на своите клиенти. Нашето мото „Ние го обновуваме минатото, ние ја градиме иднината“ стана реална потреба за сите нас“, вели во интервјуто Асмира Кочан.

Овие промени доаѓаат откако на Сеад Кочан, првосомничен во случајот „Труст“ на СЈО, му беше одредена мерка притвор. Кочан се сомничи за злоупотреба на службената положба во 2012 година кога бил управител на „Трансмет ДОО“ и со лажни документи добил тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. Кочан не е достапен на органите на прогонот и МВР за него распиша меѓународна потерница. Неговиот адвокат тврди дека Сеад Кочан не е во бегство, туку е на службен пат, а притворот е незаконски.

Сеад Кочан по отворањето на Телевизијата НОВА излезе од менаџерската позиција на „Трансмет ДОО“, која му ја препушти на неговиот брат, Дин Кочан. Сеад Кочан, според документите од Централниот регистар, се уште е сопственик на телевизијата. Тројцата браќа Кочан (види фото) ја наследија компанијата од нивниот татко Исмет Кочан.

Од лево кон десно: Сеад, Дин и Сеид Кочан
Асмира Кочан Сеад Кочан СЈО Трансмет Труст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.