НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Сингелиќ и Стајковци: Поплавени домови, оштетени возила

0
By Влатко Чаловски on August 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жителите на Сингелиќ и Стајковци утрово се разбудија во амбиент кој воопшто не наликува на 21.век. Низ улиците кал, куќите и подрумите полни со вода, сообраќајот на неколку места е стопиран, механизација и полиција насекаде.

Поради штетата која ја трпат ден по силното невреме кое ги поплави овие села, жителите печашат и по неколку километри за да купат леб и да се снабдат со вода.

Штетите во домаќинствата се огромни. Оштетени се возила, механизацијата со која работат на своите земјишта, огревните дрва, добитокот како и мебелот во домовите во кои живеат.

Од населбата Ченто преку Сингелиќ кон Стајковци, на неколку места полицијата го запира сообраќајот со цел да го редуцира метежот, за да можат багерите да поминат и да расчистуваат местата каде што се најголемите насипи од кал.

– Најсилните дождови беа некаде околу 19 часот. Бевме дома, спасувавме што може да се спаси, но не остана многу. Немаме ни влечки. Јас сум единствената која работи во семејството и после ваква катастрофа не знаеме што да правиме, во паника сме, вели една од соговорничките пред камерата на НОВА, чиј дом целосно е во вода.

Жителите се жалат дека не добиваат помош од никого и дека самите ја вадат водата од поплавените места каде што чувале залихи или разна стока. Некои од нив, велат, грубо пресметано, претрпуваат штета и до 5.000 евра.

Во меѓувреме бројот на загинати од невремето се искачи на 20 лица, а според МВР најголем дел од загинатите се токму од реонот во кој се споени Сингелиќ, Стајковци и Арачиново.

Се уште се водат како исчезнати 4 лица, а на скопските клиники до утрово беа примени 22 повредени.

Во 14 часот Советот на Град Скопје ќе одржи вонредна седница на која ќе се разгледуваат мерки и активности за санирање на штетите. Дополнителна загриженост има од најавата дека за попладнево повторно се очекуваат поројни дождови, како што информираат од Управата за хидрометеролошки работи.

Арачиново невреме поплава Сингелиќ Скопје Стајковци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

ВЕСТИ August 1, 2025

Најмалку 28 лица се убиени во вчерашните руски напади во Киев, според ново ажурирање од…

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Хамас објави видео од израелски заложник

August 1, 2025

Вашингтон: САД воведоа санкции врз преставници на Палестинската самоуправа и ПЛО

July 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.