Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ потрошила 740.000, СДСМ 490.000 евра за медиумска кампања

3
By Нова ТВ on December 29, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 29, 2016 14:59

Партиите за време на изборната кампања потрошиле 1,5 милион евра за рекламирање во телевизиите, радијата и весниците.

Досега финансиски извештаи до Антикорупциската комисија поднеле 40 медиуми, меѓу кои телевизии, радија и весници. Телевизијата на Сеад Кочан ТВ НОВА доставила празен лист.

Партијата на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ, најмногу се рекламирала за време на изборната кампања, но досега не платила речиси ни денар. Според досегашните финансиски извештаи на медиумите доставени до Антикорупциската комисија, владејачката ВМРО-ДПМНЕ направила цех од 741.000 евра. Зад неа е СДСМ чии кандидати за пратеници се рекламирале за сума од 490.000 евра, од кои уште 206.000 не се платени.

Трета партија по потрошени пари на медиумско рекламирање е партијата ДУИ на Али Ахмети 140.000 евра. Од нив 130.000 во телевизија Алсат и 10.000 евра во ТВ Коха од Тетово.

По сумата на потрошени пари следува партијата Беса со 82.000 евра за реклами, потоа коалицијата ВМРО за Македонија со 43.000 евра. ДПА на Мендух Тачи, поминала со 12.000 евра. Либералната партија се рекламирала само на Сител за износ од 10.000 евра. Коалицијата за промени и правда во неколку медиуми потрошила 8000 евра. Коалицијата Алијанса на Албанците платила 3486 евра, а ПДП 2600 евра. Најмалку пари потрошила партијата Левица, 187 евра за реклами во радиото Експрес од Струмица.

ВМРО-ДПМНЕ најмногу пари треба да и даде на Канал 5 Телевизија 130.000 евра, како и на телевизијата Сител, 123.000 евра, каде имале најмногу искористени секунди како платена политичка програма. Партијата на Груевски со голем долг и кон МПМ, каде се рекламирала во весниците Дневник, Вест и Утрински весник односно 92.000 евра, а рекламите во Телма чинат 63.000 евра. Од другите национални телевизии, на Алфа, партијата на Груевски треба да и исплати 51.000 евра, а на Алсат искористила минутажа за рекламирање во износ од 19.000 евра.

Опозициската СДСМ за време на 20 дневната кампања на медиумите треба да им плати 490.000 евра, од кои досега повеќе од половина се подмирени, а должи уште 206.000 евра. Коалицијата предводена од СДСМ најмногу пари треба да и плати на телевизијата Алсат 140.000 евра, потоа на 24 вести 107.000 евра. Договорот со Канал 5 е склучен на 97.000 евра. Долгот кон Телма изнесува 80.000 евра, а кон Сител 41.000 евра.

На овие избори медиумите беа под силен мониторинг. Ад хок комисијата за набљудување на медиумите во предизборната и изборната кампања изготвуваа неделни извештаи за работата на локалните и националните медиуми. За некои медиуми беа поднесени и прекршочни пријави за неизбалансирано известување во корист на една политичка партија.

На овие избори, медиумите исто така не смееја да се појавуваат како донатори во изборните кампањи на партиите.За прв пат медиумите не смееја да бидат донатори во изборните кампањи

Во изминатите неколку изборни циклуси медиумите беа најголеми донатори на ВМРО-ДПМНЕ, која е најбогата политичка партија во Европа.

 

ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Избори 2016 медиуми СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.