Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се појави некој “Каплар“…  

0
By Zoran Ivanov on February 6, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 6, 2026 14:24

Просто да посака човек еден ден да се најде некој капетан Ибрахим Траоре и да ги забрани сите политички партии во државава, а апашлукот на едните и другите да го стави на кантар, не за да докаже кој повеќе крадел, туку, кој за колку ќе одговара, дека сите ќе вратат и дебело ќе платат. 

Борче Трајковски

Како можеме да бараме држава и институции во системот кога за нас е поважно, на која политичка партија припаѓал Ромот, пардон, “Ѓуптинот“ кој се жалел што му го одземале возилото па блокирал авто пат, кога ни е поважно со кои лидери имал фотографија оној кој бил осомничен за шверц на 5 тони канабис, кога не разбираме дека парите соѕидани во ѕидот на родителите на судијата се стекнати од продажба на приватен имот, не од корупција на нивниот син, кога мирно гледаме како пред нос и пред очи големи апаши се пазарат со институциите ала Вилма & компани, додека свесно наседнуваме на наслови од типот на платеници како Кикифрики: “Се распаѓа обвинението за “командна одговорност“ за трагедијата во шталата во Кочани, за да се разводни политичката одговорност игнорирајќи го и елиминарајќи го моралот како највисока ставка на вредносната скала на чесност и одговорност кај луѓето а посебно кај политичарите, и свесно ја трга вината од највисоките државни чинители за огромен број изгубени млади животи, за уште поголем број завиени во црно семејства …

Стварно, како е можно да бараме држава и институции кога во секојдневните “препукувања“ на нормалноста и ненормалноста на социјалниве мрежи многу е повежен фактот дека “ама вашите повеќе украдоа од нашите“, дека и ние сме имале пратеници кои кркале енормни суми патни трошоци, па кркаат и нивните, кога нашите имаат поише станови и викендици овде и надвор од државава од нивните, и заради овие факти треба да се покриеме и да молчиме пред потписите на обвинителите за да се тргнат од кривичен прогон државни апаши, односно, да се осудат примерно и на кобајаги затворски казни ала езерски хотелски престој само за ноќевања, за ние да продолжиме да си тераме, вашите поише нашите помалку…

За што, и за кого си вадиме очи едени со други, се навредуваме и се закануваме, се правиме паметни, а гледаме како мнозинството поддржано од медиумските квази патриоти, полека ама сигурно, и нормалноста ја префрлуваат во графата ненормалност. Прифаќаме дека е нормално тоа што го прави Кикифрики, дека е нормално тоа што го пишуваат и зборуваат идиоти од типот платеници Латас и Ивона, односно од оние пониско рангираните помали гомнојадачи ала козарот, кретенисимот Златев, екс амбасадорот Ники, истражителот на хеликптерски несреќи Костов, кога се сопнуваме од гужва под статусите на премиерот или градоначалникот во кои пишуваат дека се на пат да откријат голем криминал на поранешните, за да стиснеме палец и срценце, за да им го поедноставиме чекорењето по истиот пат. Краделе тие, ќе крадеме и ние, ама помалце. Просто да посака човек еден ден да се најде некој капетан Ибрахим Траоре и да ги забрани сите политички партии во државава, а апашлукот на едните и другите да го стави на кантар, не за да докаже кој повеќе крадел, туку, кој за колку ќе одговара, дека сите ќе вратат и дебело ќе платат. После, демократија …

Македонија има квази генерали еден куп, ама немаат муда како капетанот Ибрахим Траоре од Буркина Фасо. Но, не е исклучено дека некој каплар ќе се појави со сличните идеи и чекори. Како и да е, прво капларот, после ЕУ. Инаку, овде никад, ни тогаш нема да имаме држава. А ќе имаме многу богати, и купишта сиромашни. Бати државата…

Тенкју …

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

Борче Трајковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.