Поради закана од бомба илјадници луѓе се евакуирани од московскиот Бољшој театар, тамошниот хотел Метропол, стоковната куќа ГУМ на Црвениот плоштад и други места, објавија руските медиуми. Агенцијата Тас објави дека дојавата за бомба била лажна.
Театарот работи вообичаено, изјавиле од Театарот за Тас.
Од Службата за вонредни ситуации е соопштено дека при пребарувањето на театарот не е пројандено ништо сомнително.
АФП ги пренесува информациите на Интерфакс дека поради анонимната дојава за бомба во Москва евакуирани се околу 10.000 луѓе.
Агенцијата Риа новости, повикувајќи се на извор во руската полиција објави дека од стоковната куќа ГУМ и од хотелот Метропол се евакуирани вкупно 5000 луѓе.
Тас претходно јави, повикувајќи се на руските служби за вонредни ситуации, дека од московскиот Бољшој театар се евакиурани 3.500 луѓе поради закана од бомба.
Ројтерс потсетува дека последните два месеци во Русија се забележани серија анонимни телефонски јавувања кои предизвикаа проблеми во трговските центри, железничките станици и јавните институции.
Сите повици до сега се покажаа како лажна узбуна, а никој не ја презеде одговорноста за нив.