Во последните 24 часа, детектирани се 124 новозаразени случаи од ковид – 19 од 1 798 тестови. Сликата по градови изгледа вака:
Скопје – 67, Битола – 24, Прилеп – 8, Охрид – 5, Берово – 4, Тетово и Кичево – по 3, Куманово – 2, Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица, Кочани, Ресен, Делчево и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни во случајов  124, 22 се реинфекции.
Во денешниот биланс нема починати лица ниту на дневна база ниту од Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин. 
Бројот на активни случаи изнесува 503.