Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

13 ден изборна кампања: Екстерно тестирање, имотни листови, субвенции

0
By Нова ТВ on December 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изборната кампања денеска влезе во 13 ден. Партиите ги продолжија предизборните собири, митинзи и средби со граѓаните.

СДСМ и коалицијата денеска одржа предизборен митинг во Ресен.

Зоран Заев
Зоран Заев

– Очекувам од вас да покажеме дека не сме како нив, веќе градиме нов живот во Македонија, поразлични сме и ќе го покажеме тоа, затоа подајте ми ја својата рака, да се сплотиме, и да бидеме заедно во оваа борба, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој ја претстави главната цел на програмата „План за живот во Македонија“ – враќање на парите кај граѓаните и обезбедување достоинствен живот за сите.

Од Ресен Заев порача дека новата влада на СДСМ ќе го укине екстерното тестирање.

Претседателот на ДУИ Али Амети денеска беше на средба со пензионерите во скопската општина Чаир, од каде порача дека ДУИ е сигурен победник на изборите на 11 декември.

Али Ахмети
Али Ахмети

-Ги повикуваме сите оние што имаат дилема, нека се приклучат на ДУИ затоа што ДУИ е сигурен победник. Ние не сакаме Албанците да губат мандати со расцепкувањето на гласот по малите партии. Неколку пати сум нагласил дека треба да се обединат против ДУИ, само и само да не губат Албанците, затоа што тоа е болно. Заедно можеме да бидеме посилни и помоќни,  рече Ахмети.

 

Претставниците на Коалиција за промени и правда денеска од Берово и Делчево им се обратија на земјоделците.

Весна Стоимановска
Весна Стоимановска

– Македонија има капацитети и можности за земјоделски развој и производство кое ќе ги покрие не само потребите на граѓаните за храна, туку со добра земјоделска стратегија може и да извезува земјоделски производи.  Наместо тоа во последните 10 години увозот на храна е зголемен за 50%, сточниот фонд е намален за 2/3,  а субвенциите место на вистинските земјоделци и сточари се исплаќаа на концесионери-криминалци и партиски војници кои немаат врска со земјоделство и сточарство. Тоа ќе престане. Субвенциите ќе продолжат да се исплаќаат, но на вистинските земјоделци и ќе бидат врзани во триаголникот производител-откупувач-извозник, рече Весна Стимановска, нолсител на листа во оваа изборна единица.

Кандидатот за пратеник од Коалицијата ВМРО за Македонија Ден Дончев на ѓителите на скопската општина Кисела вода им ја претстави програмата во делот на имотните листови и легализација на имотот.

Ден Дончев
Ден Дончев

– Провладините медиуми известуваат дека постојано се врачуваат имотни листови и дека над 4000 објекти се легализирани но не објаснуваат како постојано становите се продаваат по неколку пати. Ќе инсистираме на воведување на систем кој нема да дозволи еден стан да биде продаван два – три, па и седум пати, посочи Дончев.

Избори 2016 кампања митинзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.